Сомнителниот пациент во Приштина не е заразен со корона вирус

Резултатите на анализите на пациентката која денеска беше хоспитализирана во универзитетскиот Клинички центар на Косово под сомнение дека е заразена со корона вирусот покажаа дека таа не е носител на смртносниот вирус, јави дописникот на МИА од Приштина.

Директорот на Националниот институт за јавно здравство, Насер Рамадани информира дека жената имала грозница, печење во очите, болки во грлото и течење на носот, меѓутоа не е носител на вирусот Covid-19.

– Ги добивме резултатите и испаднаа негативни. Пациентката не претставува опасност, изјави Рамадани, нагласувајќи дека се користени најсовремените методи на анализа за вакви случаи.

Веста за сомнителниот случај кој бил примен на инфективната клиника на државната болница во Приштина денеска ја објави министерот за здравство Арбен Витиа.

Во рамки на Министерството за здравство на Косово е формиран Комитет за следење на заразните болести, кој усвои План за готовност и реагирање при евентуална појава на корона вирусот.

Планот, како што беше соопштено, ги содржи активностите кои се преземени во случај да се јави потреба од справување со вирусот, а со него се опфатени речиси сите јавни здравствени установи, организациите и владините агенции, како и Безбедносните сили (ФСК) и Полицијата на Косово. Доколку се јави потреба, Комитетот ќе побара од Владата формирање карантин. 

реклама

Регион

ЕУ ќе му даде на Западен Балкан помош од две милијарди евра до 2027 година

Read more

Атина обвиена во сахарска прашина - личи на колонија на Марс

Read more

Стејт департмент: Властите во Бугарија продолжија да негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи

Read more

Европскиот парламент одобри визна либерализација за Србите од Косово

Read more
 

Вести

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Читај повеќе

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе