ЛИГА НА ШАМПИОНИ 2020/21

Сон само што не се расплака по вчерашниот дебакл: Извинете!

Тотенхем претрпе нов тежок удар во сезоната полна со разочарувања.

Во дербито од 32. коло од Премиер лигата загуби со 1:3 од Манчестер Јунајтед на домашен терен.

„Спарс“ сè уште ја бркаат главна цел - следната сезона да играат во Лигата на шампиони. На седум натпревари до крајот на шампионатот, четвртото место, последното кое води до ЛШ, им бега за шест бода.

Сон Хјон-мин, легенда на Тотенхем (272 настапи, 104 голови и 63 асистенции) и една од ретките светли точки оваа сезона, во која постигна 19 и асистираше за 16 гола, им се извини на навивачите три минути по поразот, давајќи изјава за клупската телевизија.

На лицето ти се гледа дека си многу тажен.

Многу сум разочаран и навистина не знам што да кажам. Се чувствувам лошо. Навивачите секогаш страсно нè поддржувале на овој стадион. Ова е тажна вечер. Се извинувам за фудбалот што мораа да го гледаат...

Немаше никаков сомнеж дека ќе биде така по првото полувреме во кое водевме со твојот прекрасен погодок.

Мојот гол навистина е неважен...Толку многу сакав да победиме... не знам што да кажам...

Тренерот Мурињо рече дека и покрај поразот, тој е импресиониран од вашиот борбен пристап. Останаа седум првенствени натпревари и финалето од Лига купот. Не е сè изгубено?

Знам дека е лесно да се каже „Ајде да бидеме позитивни“ или „Ќе дадеме сѐ од себе“, но ... Шест поени заостанување за четвртото место... Треба да победиме и да се надеваме дека конкуренцијата ќе губи поени, но...

Сон, те познавам веќе шест години. Направив многу интервјуа со тебе и никогаш не сум ве видел ваков.

Ова е тажна вечер... Не знам што да кажам воопшто... Знам дека звучам чудно или ненормално... Сепак, мора да се вратиме...

URL
реклама

Фудбал

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Read more

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Read more

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Read more

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Read more
 

Спорт

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе