Сонцето од Вергина заминува од јавните места, спомениците добиваат ознаки

Скопје, 15 август 2019 (МИА) – Граѓаните ќе можат да го користат симболот со Сонцето од Вергина на своите приватни имоти и приватни ентитети, но државата ги охрабрува и поттикнува доследно да го почитуваат и да го применуваат во пракса Договорот од Преспа што помогна да ја надминеме најголемата пречка што го блокираше нашиот меѓународен развој, потенцираат од Владата на Република Северна Македонија.

Деновиве започна отстранувањето на Сонцето од Вергина од јавните објекти и површини, а се поставуваат и ознаки на спомениците на кои се истакнува дека се од античкиот елинистички период, како Воинот на коњ во центарот на Скопје.

Во јавноста се појавија дилеми и нејаснотии дали се забранува истакнувањето на симболите со Сонцето од Вергина, дали ќе има казни доколку тоа се истакнува на јавни настани или манифестации. Сонцето од Вергина во периодот од 1992 до 1995 година беше симбол и на државното знаме, кое потоа беше заменето со стилизирана верзија, со осум краци наместо шеснаесет.

Од Владата наведуваат дека Преспанскиот договор создава обврски за државите и јавните институции на двете страни и оти тие се задолжени за неговата имплементација. Како одговор на овие дилеми и прашања од владината прес-служба за МИА повторуваат дека „договорот не создава обврски за приватни лица и приватни ентитети, но државата и јавните институции ги охрабруваат и поттикнуваат приватните лица и приватните ентитети доследно да го почитуваат и применуваат договорот во пракса“.

– Преспанскиот договор создава обврски за државите и јавните институции на двете страни. Меѓународните договори се прават за да се почитуваат и доследно да се имплементираат. Тоа придонесува за развој на билатералните односи, а во конкретниот случај со Преспанскиот договор тоа директно го овозможува нашето членство во НАТО и го помага процесот на отворање преговори со ЕУ, наведуваат од Владата.
 
Непочитување на конечната спогодба за решавање на разликите опишани во резолуциите 817 (1993) и 845 (1993) на Советот за безбедност на ОН за престанување на важноста на Привремената спогодба од 1995 и за воспоставување на стратешко партнерство меѓу страните од страна на државни и јавни институции, како што се потенцира, значи загрозување на витални стратешки интереси на државата.
 

-Во наш интерес е да го почитуваме и доследно да го имплементираме договорот што помогна да ја надминеме најголемата пречка што го блокираше нашиот меѓународен развој. Така ги развиваме веќе добрите односи со Грција, го градиме стратешкото партнерство со нив и сме сигурни дека тие ќе ја почитуваат нивната обврска од договорот, а тоа е да го поддржуваат нашето забрзано интегрирање во НАТО и ЕУ, посочуваат од Владата.

Во Преспанскиот договор, во член 8 став 3 е посочено дека „втората страна нема повторно да го употребува на кој било начин и во каква било форма симболот порано истакнат на нејзиното поранешно државно знаме. Во рок од шест месеци по влегувањето во сила на оваа спогодба, Втората страна ќе пристапи кон отстранување на симболот истакнат на нејзиното поранешно државно знаме од сите јавни места и од јавна употреба на нејзина територија. Археолошките артефакти не спаѓаат во опфатот на оваа одредба“.

Од Владата наведуваат дека обврските од договорот се имплементираат согласно договорот и предвидената динамика и оти има комуникација и соработка со грчката страна.

Сонцето од Вергина освен од симболите на јавните институции, објекти се остранува и од шахтите во главниот град, нешто што беше особено коментирано не само во медиумите туку и на социјалните мрежи.

Името на спомениците останува исто, но се истакнува дека станува збор за историска фигура од античката хеленска историја. Вакви споменици има во неколку градови во земјава.

Наведеното на ознаките е напишано на македонски, на албански и на англиски јазик.

реклама

Кој е полицаецот кој со три потези спречи трагедија во Капитол хил?

Read more

Нов скандал го тресе Холивуд: Актерот Арми Хамер обвинет дека е канибал и садист

Read more

Совети како да правите селфи фотографии како професионалец

Read more

Беровец лажел дека е киднапиран и изнудил 10.000 евра од татко му

Read more

Македонија

Законот за попис пред гласање, опозицијата собира потписи да го поништи

Read more

Сончево и студено со мала до умерена облачност

Read more

Нови 361 заразени, починати 14, оздравени 2.116 лица

Read more

Активен 16.231 случај со COVID-19, расте бројот на оздравени пациенти

Read more
 

Вести

Законот за попис пред гласање, опозицијата собира потписи да го поништи

Читај повеќе

Сончево и студено со мала до умерена облачност

Читај повеќе

Нови 361 заразени, починати 14, оздравени 2.116 лица

Читај повеќе

Кој е Армин Лашет, човекот кој би можел да ја наследи Ангела Меркел?

Читај повеќе

Беровец лажел дека е киднапиран и изнудил 10.000 евра од татко му

Читај повеќе
  • play_arrow

Откриени гости и странски државјанки во угостителски објект со забрана за работа во Охрид

Читај повеќе

Приведени три лица од гостиварско поради трговија со кокаин

Читај повеќе

Пристигнаа милион кинески вакцини во Србија, новинарите со приоритет во вакцинацијата

Читај повеќе

Дутерте: Претседателската работа не е за жени

Читај повеќе