Сончевата светлина го онеспособува коронавирусот побрзо отколку што се мислеше

Тим научници повикаа на подетално истражување за тоа како сончевата светлина го деактивира, односно онеспособува коронавирусот откако сфатиле дека постои очигледна разлика помеѓу најновата теорија и експерименталните резултати.

Инженерот Паоло Луцато-Фегиз од Универзитетот во Калифорнија, заедно со неговите колеги, забележаа дека вирусот во експериментите бил онеспособен дури осум пати побрзо отколку што предвидуваше најновиот теоретски модел, пишува Science alert.

„Врз основа на теоријата, се претпоставува дека онеспособувањето делува така УВБ зрачење ја погодува РНК на вирусот и ја оштетува“, објасни Луцато-Фегиз.

Сепак, несогласувањето сугерира дека нешто друго се случува и откривањето на таа енигма може да биде корисно за управувањето со самиот вирус.

УВ-зрачењата во ДНК и РНК лесно се апсорбираат, што може да доведе до формирање на врски кои тешко се поправаат. Но, не сите УВ зраци се со иста должина. Подолгите УВ бранови, наречени УВА, немаат доволно енергија за да му предизвикаат проблеми на вирусот. Токму УВБ-брановите со среден опсег се оние кои се одговорни за уништување на микробите и изложување на сопствените клетки на ризик од оштетување при изложување на сонце.

Се покажа дека УВЦ зрачењето со краток бран е ефикасно против вируси како што е коронавирусот. Но, овој вид на УВ зрачење обично не доаѓа во контакт со површината на Земјата благодарение на озонскиот слој.

„УВЦ зрачењето е одлично за болниците“, рече џули Мекмари, коавтор на студијата и токсиколог на Државниот универзитет во Орегон.

„Но, во други средини, во кујни или метроа, ​​УВЦ зрачењето во комуникација со честичките би создало штетен озон“.

URL

Во јули 2020 година, експериментална студија ги тестираше ефектите на УВ-светлината врз SARS-CoV-2 во симулирана плунка. Тие забележаа дека вирусот бил деактивиран кога бил изложен на симулирана сончева светлина помеѓу 10 и 20 минути.

„Природната сончева светлина може да биде ефективна како средство за дезинфекција на контаминирани непорозни материјали“, заклучуваат тие во трудот.

Луцато-Фегиз и неговиот тим ги споредиле овие резултати со теоријата за тоа како сончевата светлина го постигнала тоа, што беше објавено само еден месец подоцна, и видоа дека бројките не се совпаѓаат.

Новиот коронавирус е поподложен од грипот од тип А

Оваа студија открила дека вирусот SARS-CoV-2 е трипати почувствителен на УВ сончева светлина отколку грип тип А, со 90 проценти од честичките на коронавирусот онеспособени по само половина час изложеност на пладневна сончева светлина во текот на летото.

За споредба, на зимско светло, честичките можат да останат недопрени со денови. Специјален тим научници заклучиле дека сончевите зраци директно фотохемиски ги оштетуваат РНК молекулите на вирусот.

Овој ефект посилно се постигнува со светла со помала бранова должина, како што се УВЦ и УВБ. Бидејќи УВЦ не доаѓа во контакт со земјината површина, тие ги засноваа своите пресметки на изложеност на светлина врз УВБ-дел од средниот бран на УВ-спектарот.

„Експериментално забележаната инактивација во симулирана плунка е осум пати побрза отколку што предвидува теоријата“, напишале Луцато-Фегиз и неговите колеги.

„Значи, научниците сè уште не знаат што точно се случува“, рече тој. Тие се сомневаат дека е можно, наместо директно да влијае на РНК, УВА со долга бранова должина да може да комуницира со молекулите во симулираната плунка на начин што ја забрзува инактивацијата на вирусот. Нешто слично се гледа во третманот на отпадни води каде што УВА реагира со други супстанции и формира молекули кои ги оштетуваат вирусите.

Потребно е дополнително истражување

Доколку УВА може да се користи за борба против SARS-CoV-2, ефтините и енергетски поефикасните извоори на светлина специфични за таа бранова должина би можело да бидат корисни за да се зголемат системите за филтрирање на воздухот со релативно мал ризик по здравјето на луѓето.

„Нашата анализа укажува на потреба за дополнителни експерименти за одделно тестирање на ефектите на специфични бранови должини и составот на медиумот што се користи во експериментот“, заклучува Луцато-Фегиз.

Со оглед на можноста на овој вирус да се задржи подолго време во воздухот, најбезбеден начин да се избегне е да се одржува физичко растојание и да се носат маски во ситуации и простори каде што не е можно одржувањето растојание.

Тагови
реклама

Наука

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

НАСА: Упс!

Read more

Најсилната соларна бура во историјата беше поголема отколку што мислевме

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Откриено тајно brutality за Mortal Kombat 1

Читај повеќе

Poetry Camera ги претвора фотографиите во поезија

Читај повеќе

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Читај повеќе

Grindr во центарот на скандал: Споделувале ХИВ статус на корисниците

Читај повеќе

Сондата Voyager 1 се „разбуди“ - повторно испраќа податоци од вселената

Читај повеќе

Европа е под топлотен стрес - се загрева најбрзо од сите континенти

Читај повеќе

На повидок нов револуционерен начин на потрага по вонземен живот

Читај повеќе

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Читај повеќе

Маж во Холандија имал ковид 613 дена: Пронајдени се над 50 мутации на вирусот

Читај повеќе