Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен североисточен ветер.
Минималните температури ќе се движат од од 12 до 22 степени, а максималните дневни температури ќе бидат во интервал од 33 до 40 степени. УВ индексот во наредните денови повторно ќе има многу високи вредности и ќе изнесува 9.
Во Скопје се очекува сончево и многу топло време со слаб до умерен североисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 19,а највисоката днева температура преку денот ќе достигне до 38 степени.