Времето денеска ќе биде сончево и топло, во источните делови со слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Температурата наутро најниска ќе биде во Пехчево со 2°C, додека највисока во текот на денот во Гевгелија со дури 31°C.
Во Скопје времето ќе биде сончево и топло. Температурата ќе се движи од 9°C најниската до 30°C највисоката.
Во следните два дена ќе се задржи сончево и топло време со мала до умерена облачност и слаб до умерен, повремено засилен јужен ветер. Во вторник во ноќните часови, а особено во среда под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса ќе има врнежи од дожд кои локално ќе бидат обилни во форма на невреме, проследени со грмежи и силен ветер. Повремени врнежи ќе има потоа и во следните два дена. Температурата од среда ќе биде во позначително опаѓање.