Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне во планинските подрачја е можна изолирана појава на краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Дневните температури ќе се движат од 24 до 35 Целзиусови степени.
Во Скопје и околината слично време со дневна ќе биде до 32 степена.
УВ индексот ќе изнесува 8.
За време на викендот ќе биде претежно стабилно и топло, но во попладневните часови можна е изолирана појава на краткотраен дожд во планинските подрачја.
Од понеделник попладне ќе настапи позначителна дестабилизација на временската состојба со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во вторник и во среда ќе продолжи да дува засилен северен ветер, проследен со поројни врнежи од дожд, а температурите ќе бидат значително пониски во однос на претходните денови.