Скопје, 20 јули 2019 (МИА) – Времето во земјава ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има појава на краткотрајна нестабилност со пороен дожд. УВ индексот ќе биде 8.
Утринската температура ќе се движи од 10 до 18 степени, а дневната температура од 24 до 35 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има појава на краткотрајна нестабилност со пороен дожд. УВ=8
Утринската температура ќе достигне до 16, а дневната температура до 33 степени.
Во недела и понеделник ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност. Од вторник ќе биде ветровито со услови за локален пороен дожд.