Скопје, 6 април 2022 (МИА) – Времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и потопло.
Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од јужен правец.
Во текот на ноќта во крајните северозападните делови ќе има локален дожд.
Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 5, а максималната ќе достигне од 16 до 21°C.
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со умерен до засилен југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне 20°C.
Во четврток ќе преовладува променливо облачно време, на повеќе места нестабилно со интензивен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Потоа во следните два дена времето ќе биде претежно сончево и значително потопло.