Скопје, 30 октомври 2019 (МИА) – Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од северен правец, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.
Утринската температура ќе се движи од 0 до 7 степени, а дневната температура од 16 до 24 степени.
Во Скопје и околината времето ќе биде сончево со утринска температура до 4 степени, а дневна температура до 18 степени.