Скопје, 2 февруари 2020 (МИА) – Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Утринската температура ќе се движи од -1 до 3 степени, а дневната од 9 до 17 степени.
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Утринската температура ќе достигне до -1 степен, а дневната температура до 13 степени.
До вторник ќе се задржи стабилно време со релативно високи температури за овој период од годината. П
оголема промена на времето ќе има од вторник кон крајот на денот, која ќе биде проследена со зголемување на облачноста, засилен ветер и значително опаѓање на температурата. Во текот на ноќта кон среда и во среда во пониските места ќе има врнежи од дожд и снег, а на планините и повисоките места од снег.