Времето денеска ќе биде претежно сончево со слаб променлив ветер.
Утринската температура ќе се движи од 1 до 10, а дневната највисока температура на воздухот од 20 до 27 степени.
Во Скопје и околината сончево и топло со слаб ветер од северозападен правец. Утринската температура ќе се спушти до 6 степени, а дневната ќе достигне 23 степени.
Продолжува периодот на претежно сончево време со свежи утра. До недела дневната температура ќе биде во пораст.