Компанијата Sony стана дел од пазарот за дронови и го претстави Airpeak, најмалиот дрон кој може да носи камера дизајнирана за создавање видеосодржини и професионално фотографирање.
Засега нема многу информации за дронот, но од Sony велат дека се истражува користењето на дронови за снимање пејзажи и градови.
Airpeak е прикажан како го снима Vision-S во движење. Иако Sony претходно не произведуваше дронови, а камерите на оваа компанија се меѓу најдобрите во индустријата.
Sony го најави Airpeak брендот минатата година, а производите се очекуваат на пролет.