Гејминг

Sony ја објави листата на игри која доаѓа со конзолата PlayStation Classic

29. октомври 2018 - 17:25 | К.З.

Кога компанијата Sony ја најави конзолата PlayStation Classic листата на игри кои доаѓаат со неа сѐ уште не беше позната, но сепак предизвика голем интерес кај љубителите на видеоигри. Сега дури и таа мистерија е отстранета.

Од претходно беше познато дека купувачите на новата конзола ќе можат да уживаат во 20 видеоигри, а денеска дознаваме и кои наслови ќе се најдат на посебно одбраната листа.

Помеѓу игрите достапни со конзолата ќе бидат: „Battle Arena Toshinden“, „Cool Boarders 2“, „Destruction Derby“, „Final Fantasy VII“, „Grand Theft Auto“, „Intelligent Qube“, „Jumping Flash“, „Metal Gear Solid“, „Mr. Driller“, „Oddworld: Abe’s Oddysee“, „Rayman“, „Resident Evil Director’s Cut“, „Revelations: Persona“, „Ridge Racer Type 4“, „Super Puzzle Fighter II Turbo“, „Syphon Filter“, „Tekken 3“, „Tom Clancy’s Rainbow Six“, „Twisted Metal“ и „Wild Arms“.

Продажбата на конзолата PlayStation Classic почнува на 3 декември по цена од 99 долари, а во пакетот заедно со конзолата и 20-те видеоигри доаѓаат и два оригинални контролери.

Коментирај