Sony претстави професионален дрон вреден 9.000 долари

Компанијата Sony го претстави професионалниот дрон Airpeak S1 кој беше најавен во јануари.

Официјалната презентација донесе повеќе детали за дронот, како и неговата цена, која гласи 9.000 американски долари.

Remote video URL

Airpeak S1 е дизајниран да користи Sony камери A7S Mark III, FX3 и Alpha 1 кои поддржуваат 8K резолуција. Камерите ќе бидат фиксирани на специјалната верзија на Gremsy T3 гимбал дизајниран специјално за Airpeak и ќе се купуваат одделно. Со камерата, дронот ќе може да лета околу 12 минути, но без никаков товар може да помине 22 минути во воздух. Исто така, треба да се напомене дека на фотоапаратот му е потребна сопствена батерија која не доаѓа заедно со дронот.

Sony веќе демонстрираше какви снимки може да направи дронот.

Remote video URL

Еден од најголемите адути на дронот е неговата стабилност и отпорност на ветер. Може да остане стабилен дури и при ветрови што дуваат со брзина од околу 20 m/s, а поседува и пет комплети стерео камери и инфрацрвен сензор кои му помагаат да избегне пречки и да остане стабилен дури и без сателитски прием. Во тестирањето на дронот помогна и јапонската вселенска агенција ЈАКСА.

Airpeak е исто така брз, забрзува од 0 до 80 km/h за 3,5 секунди, а неговата максимална брзина е 90 km/h. Треба да се напомене дека овие перформанси се постигнуваат без дополнителен товар.

Со дронот може да се управува со далечински управувач, а апликацијата Sony Airpeak Flight ги прави работите уште полесни. Во моментов е компатибилен само со iOS и iPadOS и овозможува контрола на камерата и гимбалот. Само едно лице може да го контролира, но исто така е овозможен режим со дуал-оператор во кој едно лице го контролира летот, а другото камерата. Опсегот на управување сѐ уште се тестира.

Remote video URL

Дронот чини 9.000 долари без гимбалот и камерата, а доаѓа со два пара пропелера, волан, две батерии и полнач. Испораките се очекуваат наесен, а ќе биде понуден и план за сервисирање кој би покривал евентуални штети поради падови.

Sony го дизајнираше и произведе својот нов дрон во Јапонија.

Тагови
реклама

КАЈГАНА во Букурешт: Ечи македонската химна, навивачите подготвени да ги бодрат „рисовите“

Read more

Што е еректилна дисфункција и како се лекува овој проблем што ги мачи мажите?

Read more

Бајден го прекрши кралскиот протокол на средбата со Елизабета Втора

Read more

Три хороскопски знаци кои не знаат како да бидат сингл

Read more

Вести

Роботско куче што можете да си го дозволите - што сѐ може да направи?

Read more

Објавени фотографии од кинескиот ровер на Марс

Read more

Sony претстави професионален дрон вреден 9.000 долари

Read more

Археолози најдоа кокошкино јајце старо 1.000 години во септичка јама

Read more
 

Гик

Предупредување: Корисниците на Word и Outlook мора веднаш да го ажурираат својот компјутер

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботско куче што можете да си го дозволите - што сѐ може да направи?

Читај повеќе
  • play_arrow

Epic Games ја подарува акционата авантура Control вредна 30 долари

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 нови видеоигри во јуни 2021

Читај повеќе
  • filter

Објавени фотографии од кинескиот ровер на Марс

Читај повеќе
  • filter

OnePlus го претстави смартфонот Nord CE, пристигнува во Европа

Читај повеќе
  • play_arrow

Sony претстави професионален дрон вреден 9.000 долари

Читај повеќе
  • filter

Археолози најдоа кокошкино јајце старо 1.000 години во септичка јама

Читај повеќе

Зошто треба да го избришете FB Messenger?

Читај повеќе