Компанијата Sony во период од 5 месеци продаде дури 7,8 милиони конзоли PlayStation 5.
Извештаите што ги објави компанијата покажуваат дека во период меѓу јануари и март се продадени 3,3 милиони конзоли, а во тој период се продадени и милион конзоли PlayStation 4.
Пандемијата на коронавирус е одговорна за зголемување на продажбата на конзоли. PlayStation Plus има 47,6 милиони претплатници, а во изминатите 3 месеци се пријавени 109 милиони корисници на PlayStation Network.