Хроника

Сообраќајка кај Кадрифаково го прекина сообраќајот, повредени нема

27. февруари 2020 - 20:23 | МИА

Штип, 27 февруари 2020 (МИА) – Сообраќајна незгода кај селото Кадрифаково на делот на автопатот од Штип кон Миладиновци го стопираше сообраќајот.

Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова за МИА информира дека станува збор за сообраќајна незгода меѓу два автомобила. При незгодата причинета е материјална штета, а до овој момент нема пријави за повредени лица кои биле во автомобилите.

Несреќата се случила околу 18:30 часот. Сообраќајот на овој дел на автопатот во правец од Штип кон Миладонвци кај селото Кадрифаково од 19:15 часот е во прекин и во тек е увид од страна на истражните органи на местото на несреќата.

Сообраќајот се одвива по стариот регионален пат. Додека делот од автопатот од Миладиновци кон Штип се одвива без прекин.

Коментирај