Сопругата на Дерек Шовен бара да си го смени презимето во разводот

Сопругата на поранешниот полицаец Дерек Шовен, кој се товари за убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд, поднесе барање до судот да ѝ биде дозволено да си го врати моминското презиме во бракоразводната постапка.

Кели Шовен се разделила од сопругот на 28 мај, според документите до кои дојде магазинот People. Таа го напуштила Дерек Шовен еден ден пред да биде обвинет за убиство од трет степен за смртта на Флојд.

Во документите е наведено дека дошло до „неповратно растурање на бракот“. Дерек и Кели Шовен се венчале во јуни, 2010 година. Немаат заеднички деца, а Кели има деца од претходен брак.

Покрај тоа што побарала да го смени презимето, Кели Шовен бара да ги добие во разводот двете куќи: примарното живеалиште во Минесота и втората куќа во Орландо, Флорида. Таа не бара алиментација и наведува дека може сама да се издржува со работата како агент за недвижнини.

Адвокатката на Кели Шовен, Аманда Мејсон-Секула, во неделата излезе со изјава во нејзино име во која рече дека таа е „ужасната од смртта на господин Флојд и изразува сочувство до семејството, неговите блиски и сите кои се ожалостени во оваа трагедија“.

„Таа поднесе барање за развод од Дерек Шовен. Иако нема деца од овој брак, таа замолува децата од нејзиниот претходен брак, нејзините родители и поширокото семејство да бидат поштедени и да им се обезбеди правото на приватност во овие тешки времиња“.

Дерек Шовен по апсењето е префрлен во затвор за највисоко ниво на обезбедување во Минесота. Во затвор му е овозможен пристап до телефон и видео-посети, посети во живо не се дозволени поради епидемијата со коронавирусот. Нема право на кауција.

Тагови
реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Живот

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more
 

Магазин

Рецепт на денот: Ароматично пилешко со зеленчук и рузмарин

Читај повеќе

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Читај повеќе
  • play_arrow

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Читај повеќе

Три причини зошто вежбањето со тегови е клучно за слабеење

Читај повеќе

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Читај повеќе

Натпреварувачка во „Милионер“ запна на прашање за Адам и Ева

Читај повеќе

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Читај повеќе

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Читај повеќе

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Читај повеќе