Ракомет

Сопругата на Дибиров ќе му помага на Дејвис во ЖРК Вардар

9. март 2017 - 13:55 | Макфакс

ЖРК Вардар го засили стручниот штаб со Ирина Полторацкаја, која на тренерот Давид Дејвис ќе му помага до крајот на сезоната.

Ирина Полторацкаја е поранешна ракометарка, во кариерата има освоено три светски шампионска со Русија и две титули во Лигата на шампионите (Слагелсе и Звезда).

Полторацкаја, инаку е сопруга на ѕвездата на машкиот тим на Вардар, Тимур Дибиров.

Таа со ЖРК Вардар работи веќе неколку денови, а на клупата ќе дебитира во сабота на натпреварот со Турингер во Скопје. 

Коментирај