Сопругата на Младиќ: Не заслужи таква казна

Босиљка Младиќ, сопруга на воениот злосторник Ратко Младиќ, рече дека тој „не ја заслужува казната што му беше изречена од Механизмот за меѓународни кривични судови во Хаг“. Таа тврди дека Младиќ, како човек и како војник, е крајно морален и праведен.

„Ратко не заслужи таква казна. Ратко, како човек и како војник, е многу морален, праведен. Тој е за некое друго време, но претпоставувам дека ќе дојдат еден ден тие денови што ќе сведочат дека не бил суден ниту по закон, ниту праведно“, вели сопругата на Младиќ кој вчера беше осуден на доживотен затвор.

Таа посочи дека второстепената пресуда со која се осудува на доживотен затвор Ратко Младиќ е „последниот удар од кој на семејството ќе му биде тешко да се опорави“.

„Сега, но само засега, оваа неправедна судска одлука е најдлабоката рана“, рече таа за Večernje novosti, додавајќи дека е убедена дека „за генералот Младиќ еден ден ќе се пишува поинаку“.

„Во хармонија и разбирање поминавме повеќе од половина век и можам да посведочам дека неговите примарни човечки принципи беа напорна работа и дисциплина. Не, тој никогаш не би ги прекршил правилата на војување“, рече Босиљка Младиќ.

Апелацискиот совет на Хашкиот трибунал вчера ја потврди доживотната казна затвор за командантот на Генералштабот на армијата на Република Српска, Ратко Младиќ. Меѓу другото, беше осуден и за геноцидот во Сребреница.

Покрај семејството во негова одбрана застанаа и бројни медиуми и политичари во Република Српска и во Србија.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Симптоми на висок крвен притисок кои се јавуваат за време на спиењето

Read more

Регион

Европскиот парламент одобри визна либерализација за Србите од Косово

Read more

Пленковиќ и Мицотакис се можни наследници на Фон дер Лајен

Read more

Силно невреме со поплави во Грција, Волос без струја

Read more

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Read more
 

Вести

Нема да има работни саботи за учениците, МОН донесе нова одлука

Читај повеќе

Уапсен ученик во основно училиште во Влае: Кршел инвентар, физички нападнал соученици и двајца наставници

Читај повеќе

Москва: Западот им го прави на Украинците она што им беше направено на домородните Американци

Читај повеќе

Мотоциклист удрил во пешак на Партизанска, двајцата повредени

Читај повеќе

ССМ повика на првомајски протест со барања до новата влада

Читај повеќе

Европскиот парламент одобри визна либерализација за Србите од Косово

Читај повеќе

УЈП: До 26 април продолжен рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавите

Читај повеќе

Фон дер Лајен: ЕУ мора да почне да користи приватен капитал

Читај повеќе

ДИК објави упатство за гласање на претседателските избори

Читај повеќе