Музика

Сопругата на Роби Вилијамс му подари фарма за марихуана за годишница од бракот

26. април 2018 - 9:06 | МИА

Лос Анџелес, 26 април 2018 (МИА) – Популарниот пејач Роби Вилијамс (44) од својата сопруга Ајда Филд (38) доби фарма за марихуана за годишница од бракот.

Роби и Ајда се во брак од 2010 година и имаат две деца.

Со подарокот за годишницата, пејачот ќе има своја залиха во подрумот од вилата во Лос Анџелес, каде рекреативната употреба на марихуаната е легална.

Роби е познат по тоа што сака да запали џоинт, за што и отворено зборува. Тој наводно еднаш запалил џоинт и во Бакингемската палата. Тоа наводно се случило во 2012 година, кога настапувал по повод дијамантскиот јубилеј на кралицата.

Популарниот пејач во минатото имаше серизони проблеми со зависност од тешки дроги и алкохол, но успеа да се ослободи од тоа, во што во голема мера му помогна токму сопругата Ајда.

Коментирај