Ф1
ПРЕД ГОДИШНИНАТА ОД НЕСРЕЌАТА НА ЛЕГЕНДАРНИОТ ФОРМУЛА 1 ВОЗАЧ

Сопругата на Шумахер со мистериозна порака: Големите нешта почнуваат со мали чекори

26. декември 2019 - 17:24 | А.С.

Легендарниот возач на Формула 1 Михаел Шумахер пред речиси шест години имаше тешка несреќа на скијање во Франција по која падна во кома.

Неговата сопруга Корина излезе со мистериозен коментар непосредно пред немилата годишнина на 29 декември.

Под хаштагот #KeepFightingMichael (продолжи да се бориш Михаел), таа објави порака која светските медиуми ја протолкуваа како почеток на враќањето на великанот.

„Големите нешта почнуваат со мали чекори. Еден мал дел може да создаде голем мозаик“, напиша Корина.

Се огласи и шефот на клубот на навивачи на големиот возач, Рајнер Ферлинг, кој истакна дека очекува и се надева дека ќе го види Михаел во јавност.

Поранешниот менаџер на Михаел Шумахер, Вили Вебер, неодамна изјави дека сопругата на легендарниот Формула 1 возач ја крие вистината за здравствената состојба на Германецот.

„Познато ми е дека состојбата на Михаел е лоша, не знам каков напредок постигнува. Корина за жал ме спречи да го видам. Најверојатно се плаши дека ќе видам што се случува и ќе ја објавам вистината. Целосно верувам дека Михаел ќе оздрави бидејќи знам дека е борец. Ако постои можност да се спаси, ова можеби не е крајот. Се молам за него и уверен сум дека повторно ќе го видиме“, изјави Вебер неодамна.

Коментирај