Свет

Сорос ќе се бори против гигантите Facebook и Google

23. февруари 2018 - 9:03 | А.С.

Милијардерот Џорџ Сорос ги обвини IT гигантите Facebook и Google дека се закана за сѐ и истражува можности како да се соочи и да се бори против растот на нивната моќ.

Портпаролот на една од неговите влијателни фондации рече дека Сорос лани донирал 180.000 долари за Институтот за отворени пазари во форма на двегодишен грант.

„Фондацијата Отворено општество долго време работи на прашања што се однесуваат на слободен и демократски проток на информации и начините на кои концентрацијата на моќ може да влијае на знаењето и комуникацијата“, рече Лалех Испахани од американската програма Фондација Отворено општество што ја основа Сорос.

Тој додаде дека говорот на Сорос на Светскиот економски форум влеал загриженост за последиците од влијанието на неколку гигантски интернет платформи.

„Истражуваме нови начини на кои можеме да ги решиме тие проблеми, не само во САД, туку и меѓу нашите основачи на глобално ниво.“

Facebook и Google станаа „препрека за иновации“ и претставуваат опасност за општеството, рече Сорос.

Тој истакна дека мала е веројатноста дека тие ќе се променат сами ако нема некаква регулација.

Коментирај