Сорос се повлекува од Унгарија

Фондацијата на филантропот, бизнисмен и политички активист Џорџ Сорос соопшти дека ја затвора канцеларијата во Унгарија, со објаснување дека опкружувањето во земјата станува „сѐ поопресивно“.

Фондацијата Отворено општество што финансира невладини организации, најави дека ги преместува операциите во главниот град на Германија, Берлин.

Десничарската влада на унгарскиот премиер Виктор Орбан најави дека планира да ги затегне ретрикциите за невладини организации.

Слоганот во изборната кампања на Орбан, кој месецов доби уште еден мандат, гласеше: „Стоп Сорос“.

Сорос ги негира обвинувањата на Орбан дека неговата фондација е дел од поголем план да се донесат мигранти во Европа за да се поткопаат тамошните нации.

Фондацијата на Сорос се најде под силен бран вербални и правни напади од владата на владејачката партија Фидеш во изминатите три години.

„Унгарската влада ја омаловажува и погрешно ја претставува нашата работа и го опресира граѓанското општество за свои политички цели, користејќи тактики какви што не биле видени досега во историјата на ЕУ“, рече претседателот на Фондацијата, Патрик Гаспар.

„Стана невозможно да ја заштитиме безбедноста на нашите операции и вработени во Унгарија од произволните владини мешања“, додаде тој.

Новиот закон предложен од владата предвидува затегнување на правилата за финансирање на НВО од странство, поради осигурување на државната безбедност, тврди владата на Орбан.

Се очекува ова да биде еден од првите закони што ќе ги донесе новиот парламент во следните недели.

Сорос, кој е родум Унгарец, од 80-тите години наваму има потрошено 12 милијарди долари, главно преку Фондацијата Отворено општество, на граѓански иницијативи за намалување на сиромаштијата и зголемување на транспарентноста, како и за школарини и стипендии во универзитети ширум светот, особено во Источна Европа и земјите од поранешниот Советски Сојуз.

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Свет

Пет сценарија како Франција може да се вмеша во војната во Украина

Read more

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се глупост

Read more

Италија има план како да ја сотре мафијата – Коза ностра прва на нишан

Read more

Објавено аудио за херојот од Балтимор: Веднаш блокирајте го сообраќајот на мостот

Read more
 

Вести

Странските компании загубија 107 милијарди долари со повлекувањето од Русија

Читај повеќе

Пет сценарија како Франција може да се вмеша во војната во Украина

Читај повеќе

Трет ден се трага по Данка, се проверуваат телефоните на родителите

Читај повеќе

Раст на Волстрит по три дена пад

Читај повеќе

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се глупост

Читај повеќе

Италија има план како да ја сотре мафијата – Коза ностра прва на нишан

Читај повеќе

Ковачевски: СДСМ ќе ја внесе Северна Македонија во ЕУ и ќе ги зачува вредностите на ЕУ дома

Читај повеќе

ГРОМ, Интегра и ПЦЕР се здружија: Коалицијата Храбро за Македонија нема да поддржи уставни промени ниту пред, ниту по изборите

Читај повеќе
  • play_arrow

Објавено аудио за херојот од Балтимор: Веднаш блокирајте го сообраќајот на мостот

Читај повеќе