Сорос: Трамп е невиден нарцис кој сака да го уништи светот

Американскиот милијардер Џорџ Сорос рече дека претседателот Доналд Трамп е „невиден нарцис кој се смета за семоќен и сака да го уништи светот.“

Сорос во интервју за „Washington Post“ изјави дека ако Демократската партија победи на општите избори со убедлива разлика есенва и освои мнозинство во Конгресот и Сенатот ќе може да го симне Трамп од власт пред да му заврши мандатот.

Трамп и Сорос се во лоши односи уште од претседателските избори на кои Трамп ја победи демократката Хилари Клинтон која Сорос ја поддржуваше. Сорос донираше над 10,5 милиони долари во кампањата на Клинтон, според податоците на Центарот за одговорна политика во Вашингтон.

Националистичката и протекционистичката политика на Трамп се коси со глобалистичката и либерална политика за која се залага Сорос.

„Мојата ментална слика за Трамп е дека е невиден нарцис. Сметам дека воопшто не беше подготвен да победи на изборите. Ниту тој, ниту (рускиот претседател Владимир) Путин не очекуваа дека ќе победи на изборите“, додаде Сорос во интервјуто.

Тој исто така зборуваше за сѐ позасилената автократија во светот и го критикуваше претседателот Трамп за неговите ставови за Северна Кореја, климатските помени и глобализмот.

Сорос уште во почетокот на годинава на форумот во Давос, Швајцарија предвидуваше дека на Трамп му се ближи крајот.

„Сметам дека администрацијата на Трамп претставува опасност за светот. Но, сметам дека ќе биде само краткотраен феномен што ќе исчезне до 2020 година, ако не и порано“, рече тогаш Сорос.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Свет

Израел ја нападна Сирија: 38 загинаа во Алепо, меѓу кои и членови на Хезболах

Read more

Лавров: Украинскиот план е бесмислен, вклучува повлекување на нашата армија од освоените територии

Read more

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Read more

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Read more
 

Вести

Притвор од 48 часа за две лица кои се задржани по убиството на лекарот во Железара

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Нашата идна Влада ќе спроведе ограничување на маржите на лековите и проширување на позитивната листа за бесплатни лекови

Читај повеќе

Силен земјотрес ја погоди Бугарија

Читај повеќе

Израел ја нападна Сирија: 38 загинаа во Алепо, меѓу кои и членови на Хезболах

Читај повеќе

Лавров: Украинскиот план е бесмислен, вклучува повлекување на нашата армија од освоените територии

Читај повеќе

Без струја дел од Карпош

Читај повеќе

Сончево и топло време со температура до 27 степени

Читај повеќе
  • play_arrow

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Читај повеќе

Госпоѓиците од Авињон на сцената на Националната опера и балет

Читај повеќе