Состојба со COVID-19 во светот до 10 часот: Над милион заразени

Според најновите податоци, во светот досега се регистрирани 1.018.082 лицa заразени со новиот коронавирус. Од нив починати се 53.251, а оздравеле 213.218 луѓе.

– Принцот Чарлс ќе отвори болница во Најтингел, која ќе може да прими до 4.000 пациенти заразени со новиот коронавирус, објавија британските медиуми.

– Само во една црква во САД се заразиле со коронавирус 71 лице. Станува збор за округот Сакраменто, во Калифорнија, едно од најголемите жаришта на заразата вои САД.

– Германците предупредуваат дека училишната настава од далечина, која е воведена поради ширењето на вирусот, не е добра на долгорочен план. Тие наведуваат дека тоа не е стандарден модел, кој го применува школството, и се повикуваат на истражувања, според кои таквиот вид на настава овозможува само една четвртина од усвоеното знаење.

– Шпанскиот град Захара де ла Сиера е изолиран од светот и нема ниту еден случај на заразен со коронавирус.

– Во Кина потврден 31 нов случај на зараза со коронавирус и четири смртни случаи. Сега вкупниот број изнесува 81.620 заразени, 3.322 починати, а 76.571 се излекувани и пуштени од болница.

– Јапонците бараат прогласување вонредна состојба поради пандемијата на COVID-19, а премиерот Шинѕо Абе одбива да го направи тоа.

– Кинескиот град Вухан им испрати официјално предупредување на граѓаните да не излегуваат од домовите доколку немаат потреба.

– Во Киргистан прв смртен случај од новиот коронавирус. Во земјата досега се потврдени 130 заразени лица.

– Две нови жртви на коронавирусот за само еден ден во Бугарија, со што нивниот број достигна 12. Во земјата има 477 заразени случаи.

– Со наредба на црногорското Министерство за здравство ублажени се мерките за ограничено движење, односно на граѓаните им е овозможено и движење за време на викенд до 13 часот, со стриктно придржување кон сите останати мерки.

– Google објави извештаи од 131 држава околу тоа дали се намалиле посетите на продавници, паркови и други места за собирање минатиот месец, откако многу влади наложија да се остане дома со цел да се спречи ширењето на коронавирусот.

– Кина ги советува странските дипломати да не доаѓаат во Пекинг. Кинеското Министерство за надворешни работи соопшти дека има заразени со COVID-19 меѓу странските дипломати и ги советува да не доаѓаат во кинескиот главен град додека трае здравствената криза. 

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Свет

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Read more

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Read more

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more
 

Вести

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе
  • play_arrow

Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот, рече Пендаровски во Виница

Читај повеќе

Tesla отпушта 300 работници во фабриката кај Берлин

Читај повеќе

Променливо облачно и посвежо време, температури до 18°C

Читај повеќе