Состојба со COVID-19 во светот до 17 часот

Според најновите податоци, во светот досега се регистрирани 1.453.804 лица заразени со новиот коронавирус. Од нив починати се 83.588, а оздравеле 309.807 луѓе.

– Директорот на СЗО, Тедрос Адханом Гебрејесус потсети дека утре се навршуваат 100 дена од појавата на коронавирусот, поточно од денот кога кинеските власти го известија СЗО дека избувнала мистериозна пневмонија во градот Вухан.

– Во Бугарија има вкупно 593 потврдени случаи на COVID-19, а починале вкупно 24 лица.

– Објавувањето на добитниците на Пулицеровата награда е одложено за 4 мај поради пандемијата на коронавирусот, соопштија денеска членовите на Одборот за награди. Добитниците на Пулицеровата награда за новинарство, литература и музика ќе бидат објавени на 4 мај преку стрим во живо.

– Француската Влада работи на создавање апликација за паметни телефони која ќе ги предупредува корисниците кога се во близина на заразен со коронавирус.

– Британскиот премиер Борис Џонсон денеска е „клинички стабилен“ во одделот за интензивна нега и добро реагира на терапијата која ја прима поради компликации од новиот коронавирус, соопшти неговиот портпарол.

– Во Холандија, бројот на потврдени случаи на коронавирусот е зголемен за речиси 1.000, со што вкупниот број на заразени достигна 20.456, соопштија холандските власти. Од последниот пресек, починале уште 147 лица, и сега вкупниот број на жртви изнесува 2.208. Оздравеле повеќе од 250 пациенти.

– Во Москва досега се тестирани 248.979 лица, а во цела Русија 910.000 луѓе. Потврдени се 8.672 случаи на коронавирусот, а досега оздравеле 580 лица. Најмногу заразени има во Москва – 5.841. Според најновите податоци во Русија од COVID-19 починале 63 лица.

– Египет ќе го продолжи полицискиот час во текот на ноќта за уште 15 дена до 23 април во рамките на борбата против ширењето на коронавирусот, изјави денеска египетскиот премиер Мустафа Мадбули. Аеродромите во земјата и понатаму ќе останат затворени.

– Во Иран во последните 24 часа починале уште 121 лице со што вкупниот број на жртви од COVID-19 достигна 3.993. Бројот на новозаразени изнесува 1.997, а вкупниот број на инфицирани 64.586.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Свет

Лавров: Украинскиот план е бесмислен, вклучува повлекување на нашата армија од освоените територии

Read more

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Read more

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Read more

Пет сценарија како Франција може да се вмеша во војната во Украина

Read more
 

Вести

Лавров: Украинскиот план е бесмислен, вклучува повлекување на нашата армија од освоените територии

Читај повеќе

Без струја дел од Карпош

Читај повеќе

Сончево и топло време со температура до 27 степени

Читај повеќе
  • play_arrow

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Читај повеќе

Госпоѓиците од Авињон на сцената на Националната опера и балет

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Читај повеќе

Села оди во коалиција со Ахмети

Читај повеќе

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Читај повеќе

Хоспитализирана 71-годишна скопјанка, jа нападнале две лица

Читај повеќе