Состојба со COVID-19 во светот до 17 часот

Според најновите податоци, во светот досега се регистрирани 1.539.424 лица заразени со новиот коронавирус. Од нив починати се 90.011, а оздравеле 340.586 луѓе.

– Епидемијата на вирусот COVID-19 до денеска зафати 209 земји во светот. Најголем број заразени лица има во Соединетите Американски Држави, вкупно 435.160, потоа следува Шпанија со 152.446, Италија со 139.422, Германија со 113.226, Франција со 112.950, Кина со 81.865 и Иран со 64.586 заразени.

Најголема смртност од последиците на коронавирусот има во  Италија – 17.669,  во Шпанија – 15.238, во САД – 14.797 и 10.869 смртни случаи во Франција.

Загреб – Во Хрватска се потврдени 64 нови случаи на заразени со вирусот Ковид-19. Вкупниот број заразени изнесува 1.407. Уште едно лице почина, така што од почетокот на епидемијата во Хрватска починаа 20 лица. Во меѓувреме, 219 се излекувани.

Будимпешта – Петмина починаа, а уште сто се заразени со коронавирус во дом за стари лица во Будумпешта, соопшти денеска главниот медицински претставник Сесилија Милер. Таа посочи дека унгарските власти изминатите неколку дена  предупредувале дека мерките за спречување на ширењето на вирусот се одговорност на организациите што ги водат.

Москва – Русија во последните 24 часа бележи рекордно зголемување на бројот на заразени со коронавирус, со 1.459 новозаразени и 13 починати. Вкупниот број достигна повеќе од 10.000 заразени со COVID-19 и 76 починати. Рускиот претседател Владимир Путин рече дека претстојната недела ќе биде одлучувачка во борбата против ширењето на вирусот.

Берн – Во Швајцарија бројот на заразени од коронавирус од 22.789 се зголеми на 23.574 лица, соопшти Службата за јавно здравје. Бројот на починати се зголеми за 51, така што вкупниот број изнесува 756.

Амстердам – Бројот на новозаразени со коронавирус во Холандија се зголеми за 1.213, така што вкупниот број изнесува 21.762 лица. Холандскиот Институт за јавно здравје денеска соопшти дека за 24 часа од овој вирус починале 148 лица или досега вкупно 2.396.

Токио – Во Јапонија бројот на заразени од коронавирус денеска е зголемен за 384 или вкупно 5.356 лица, додека бројот на починати е зголемен за еден, така што вкупниот број изнесува 106 лица. 

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Свет

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Read more

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Read more

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе