Состојбата на двајцата пациенти заболени од индискиот сој е добра, тврди Филипче

Состојбата на двајцата пациенти заболени од индискиот сој на вирусот е добра, информира денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Тој рече дека сè уште во светот нема точни и прецизни информации како може да влијае индискиот сој, но се покажало дека 95 отсто од вакцинираните, кои се заразиле од него, имале лесна клиничка слика.

– Тие кои имаат имунитет и заболуваат од овој сој на вирусот, имаа лесна форма на болеста. Во таа смисла, нема потреба од некакви рестриктивни мерки, но будно ја следиме состојбата, вели Филипче.

Министерот за здравство појасни дека за да се постигне колективен имунитет потребно е да се вакцинирани 60 до 70 проценти од населението. Во пресметката не се внесуваат оние 150 илјади граѓани кои го прележале вирусот оти не се знае дали некои од тие се вакцинирани, ниту пак колкав е точно нивниот број.

– Докажано е дека имунитетот којшто се развива како резултат на вакцинацијата, е подолготраен. Не можеме точно да претпоставиме колкав е вкупниот број на луѓе што прележале заради тоа што има прилично голем број на луѓе коишто прележаа асимптоматски. Во однос на вкупниот број потврдени случаи близу 150 илјади, тој се движи помеѓу три и седум пати повеќе, што значи дека има една сериозна бројка, не само кај нас туку насекаде, коишто асимптоматски ја прележале болеста и веројатно развиле одреден степен на имунитет. Но, колективниот имунитет го сметаме само врз основа на луѓето коишто се вакцинирани, појасни Филипче.

Тој рече дека е можно индискиот сој да ја смени епидемиолошката слика, но, потенцира дека вакцинираните, коишто евентуално би заболеле од него, нема да имаат тежок облик на болеста.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Македонија

Муцунски: Вчера се случи почетокот на крајот на власта на СДС и ДУИ

Read more

Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата

Read more

Пендаровски победи во три општини, а Таварари и Димитриевски само во општините кадешто се градоначалници

Read more

Силјановска Давкова против Пендаровски во вториот круг

Read more
 

Вести

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Читај повеќе

Лукашенко: Украина набргу ќе престане да постои ако не се согласи на преговори

Читај повеќе

Муцунски: Вчера се случи почетокот на крајот на власта на СДС и ДУИ

Читај повеќе
  • play_arrow

Москва: Американското нуклеарно оружје во Полска ќе биде примарна цел

Читај повеќе

Таткото на Вања ќе оди во куќен притвор, Врховниот суд му ја уважи жалбата

Читај повеќе

Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата

Читај повеќе

Русија стави вето на Советот за безбедност на ОН против забраната за оружје во вселената

Читај повеќе

Пендаровски победи во три општини, а Таварари и Димитриевски само во општините кадешто се градоначалници

Читај повеќе

Силјановска Давкова против Пендаровски во вториот круг

Читај повеќе