Македонија

Состојбата на Јанева стабилна, се враќа во притвор

14. октомври 2019 - 14:00 | МИА

Скопје, 14 октомври 2019 (МИА) – Состојбата на поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева, која е осомничена во случајот „Рекет“, е стабилна и денеска треба да биде пуштена од болничко лекување и вратена во затворот „Скопје“.

– Состојбата на Јанева е стабилизирана и препишана и е терапија. Денеска очекуваме да биде пуштена од болничко лекување и вратена во притвор, изјави нејзината адвокатка Ирена Фрчкоска.

Одбраната, рече таа, се уште го чека одговорот по поднесената жалба за замена на мерката притвор со куќен притвор.

– Се уште немаме одговор на жалбата. Денеска го примивме обвинителниот акт и имаме рок од осум дена за приговор, изјави Фрчкоска.

Поради висок притисок и општа анксиозност Јанева минатата недела беше пренесена на клиниката „Жан Митрев“ на интернистичко кардиолошки преглед.

Јанева е обвинета во случајот „Рекет“ и издржува мерка притвор во истражниот затвор „Скопје“. 

Коментирај