Соучесник во убиството на Тупак: Болен сум од рак, морам да ја кажам вистината

Голем број американски медиуми деновиве ја споделија приказната за убиството на Тупак Шакур, откако го слушнаа сведоштвото на Дуан Кит Дејвис, попознат како Киф Ди, во кое тој тврди дека учествувал во инцидентот во кој загина познатиот рапер.

Во интервјуто за американскиот крими-документарец „Unsolved: The Tupac and Biggie Murders“, Дејвис зборуваше за убиството на Тупак Шакур и призна дека бил сведок на настанот.

Самопрогласениот „Шеф на Комптон“ го почна признанието со изјавата дека има рак и поради тоа има имунитет од судење, па токму поради тоа решил да признае цели 20 години подоцна. Дејвис вели дека тој седел на совозачкото седиште, веднаш до Теренс Браун, кој управувал со возилото. Деандре Смит и братучедот на Дејвис, Орландо Андерсон, седеле на задните седишта, а сите тие биле членови на бандата Крипс.

Четворицата се упатиле кон клубот 662 - сопственост на Шуг Најт, за таму да го побараат раперот Тупак, кој само неколку дена претходно претепал член на нивната банда. Откако Тупак не се појавил, тие го напуштиле клубот и додека си заминувале го виделе раперот како се вози кон 662.

„Мојот другар сврте полукружно и кога застанавме, јас бев на предното седиште. Ќе го зачувам името за себе поради законот на улицата, но ќе кажам дека пукањето дојде од задните седишта“, рече Дејвис.

„Кога веќе боледувам од рак, решив дека е правилно да ја кажам вистината. Случајот е стар повеќе од 20 години“, рече Дејвис.

Иако Дејвис рече дека нема да го открие името на убиецот, на претходните снимки кои полицијата ги објави тој кажува дека Орландо Андерсон го убил Тупак Шакур. Андерсон претходно неколкупати ја негираше вината за убиството на Тупак пред и самиот да биде убиен во престрелка помеѓу банди.

Засега никој не е осуден поради убиството, иако многумина се прашуваат како е можно Киф Ди да не биде во затвор бидејќи тој е соучесник во инцидентот, без разлика што не го испалил смртоносниот истрел.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Што се случува во телото ако го одложувате мокрењето?

Read more

Музика

Сила и Нервоза е насловот на новиот заеднички сингл на Суперхикс и Фолтин

Read more

Тејлор Свифт за прв пат на листата на милијардери на Forbes

Read more

Северина за настапот во Скопје: Ваков концерт не очекував

Read more

Папараците ја снимија Шакира со британскиот актер кој е ѕвезда на нејзиниот нов спот

Read more
 

Сцена

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Читај повеќе

Зошто Кевин Костнер одби да му даде улога на Крис Хемсворт во својот филм?

Читај повеќе

Хенри Кавил ќе стане татко – чекаат бебе со девојката Натали

Читај повеќе
  • play_arrow

Сила и Нервоза е насловот на новиот заеднички сингл на Суперхикс и Фолтин

Читај повеќе
  • play_arrow

Пластичен хирург откри какви зафати направила Анџелина Џоли

Читај повеќе

Реквизитерката на Rust осудена на 18 месеци затвор за смртта на снимателката

Читај повеќе

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе

Анистон изненади со изгледот на насловна: Како толку се подмлади?

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Скарлет Јохансон и Ченинг Тејтум ве носат на Месечината во филм за настанот од 1969

Читај повеќе