Фит

Совет за вежбање од Рок за бицепс со обем од 50 сантиметри

15. април 2019 - 15:26 | А.С.

На Двејн Џонс речиси му нема рамен кога станува збор за мускули, а уште еден доказ за тоа е најновото видео објавено на неговиот Instagram профил каде има над 138 милиони следбеници.

Популарниот Рок неодамна ја откри тајната за неговиот монументален бицепс, а во видеото ја покажува вежбата со која стигнал до неверојатниот обем од 50 сантиментри.

Класичната вежба concentration bicep curl со тег тој ја изведува потклекнат наместо од седење.

Нозете треба да ви бидат во позиција за клекнување, раздалечени 15 сантиметри пошироко од рамената, со исправен грб. Лактот на раката со која ја правите вежбата треба да биде позициониран кај внатрешниот дел на ногата, кај коленото. Со другата дланка потпрете се на другата нога.

Почнете со три сета од 10 повторувања за секоја рака и вежбајте концентрирано и бавно.

Коментирај