Совети и идеи како да поминете квалитетно време со вашите деца за време на изолацијата

Министерот за здравство Венко Филипче на неговиот Facebook профил дава неколку совети и идеи како да поминете квалитетно време со вашите деца за време на изолацијата.

Најдете време во денот да им читате на децата. За време на читањето, разговарате со децата за сликите и настаните во книгата, опишувајте ги, предвидувајте што би се случувало во книгата понатаму и разговарајте како некои од ликовите се чувствуваат.

Разгледувајте и споделувајте за фотографии. Користете фотографии од албуми или телефони и дозволете на детето да споделува што гледа на сликата, каде и кога е тоа, како и зошто се случува тоа и како се чувствува детето за споделените личности и настани.

Учете низ игра во домот. Деца кои имаат некои основи од математика може да имаат мисија низ домот да бројат прозорци, слики, растенија, столици итн. Предизвикајте ги да изградат шатор од ќебе или тврдина од перници или кутии. Учете да цртате или со пластелин да моделирате животни и растенија, учете ги нивните имиња, опишувајте како изгледаат, што јадат, каде живеат итн. Засадете неколку семки во саксија (пр. пченица, грав, грашок) и овозможете му на детето да се грижи за нив, истражувајќи колку вода и светлина им е потребно, како растат, како се јадат итн.

Вклучете ги децата при припрема на храна и готвење. Готвењето може да е дополнителна едукативна активност за децата. Разговарајте за начинот на готвење, улогата на квасецот, зачините, состојките, потребните количини, читање рецепти и етикети од производи итн. Доколку возможно, дозволете им на децата да припремаат форми од тесто, да ставаат зачини или на друг начин да се вклучат во готвењето, напиша министерот за здравство на неговиот Facebook профил.

*фотографиите се преземени од Facebook профилот на министерот за здравство.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Македонија

МОН: Во училиштата во кои ќе се одвива изборниот процес наставата ќе се реализира со скратени часови

Read more

Ќе го оставиме срцето на терен за интересот на Македонија, рече Мицкоски и најави позитивна кампања

Read more

Пендаровски со претставка за говорот на омраза, навредите и дискриминацијата од страна на Силјановска-Давкова и ВМРО-ДПМНЕ

Read more

ДУИ си играше власт: Османи стана претседател, Села на Собранието, Бугарите влегоа во Уставот

Read more
 

Вести

Украле сеф од менувачница во Чаир и побегнале со возило без таблички

Читај повеќе

Маж ја нападнал поранешната сопруга на работното место, па ѝ се заканувал со нож

Читај повеќе

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Читај повеќе

Новинарска фотографија на годината: Не сакаше да го пушти телото на девојчето

Читај повеќе

Џонсон: Балканот може да биде следната цел на Путин

Читај повеќе

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Читај повеќе

МОН: Во училиштата во кои ќе се одвива изборниот процес наставата ќе се реализира со скратени часови

Читај повеќе

Доживотен затвор за маж кој на свиреп начин уби жена во Кочани

Читај повеќе

Ќе го оставиме срцето на терен за интересот на Македонија, рече Мицкоски и најави позитивна кампања

Читај повеќе