Совети како да ги зголемите шансите за бременост

Животниот стил влијае многу на плодноста, а овие неколку совети можат да помогнат во нејзино подобрување со што евентуално би се зголемиле шансите за забременување.

Исхраната, стресот, физичката активност се дел од секојдневието, но начинот на кој луѓето се справуваат со нив е различен. Кога станува збор за плодноста, тие имаат големо влијание на неа.

Што велат експертите на оваа тема?

„Постојат добри работи кои може да ги направите за својот репродуктивен систем и да помогнете хормоните да работат како што треба“, вели нутриционистката Марта Монтенегро.

„Здравата бременост почнува од здрави родители. Доброто здравје ги зголемува шансите да останете бремена и да имате здрава бременост“, вели д-р Ринк Мареј.

Еве неколку совети како може да ја подобрите плодноста:

1. Омега-3 масни киселини

„Ако јадете ореви, грав, сусам, семки од тиква, киноа... ако внесувате доволно протеини кои не се од растително потекло, вие веќе работите на својата плодност“, вели Монтенегро.

Според неа, внесувањето доволно омега-3 масни киселини низ исхраната е добро за репродуктивниот систем.

2. Здрава исхрана

Важна улога за плодноста има и нивото на железо. Ако јадете намирници богати со железо како спанаќ или леќа истовремено правите и добра работа за репродуктивниот систем. Исто така е важно да внесувате доволно важни нутриенти како фолна киселина и витамин Б12.

3. Заборавете на цигарите

„Жените кои пушат или нивните партнери пушат цигари имаат помали шанси за забременување“, вели доктор Мареј.

Затоа на жените кои сакаат да забременат им се советува да престанат со пушење и да избегнуваат изложеност на чад од цигари.

„Познато е дека пушењето има негативно влијание на нивото на естроген, што ѝ смета на овулацијата“.

4. Витамин Д

„Витаминот Д е потребен на организмот за да произведува хормони што влијае на овулацијата и на балансот на хормони“, вели експертот за плодност Хетир Родригез. Овој витамин исто така е важен и во бременоста.

„Витаминот Д е важен и за развојот на коските на фетусот. Многумина редовно консумираат витамин Д бидејќи е неопходен за здрава бременост“, додава тој.

5. Како да се изборите со стресот?

Стресот не може да се избегне и затоа е важно на здрав начин да се изборите со него.

„Ако практикувате јога или слични вежби правите голема услуга на плодноста. Хроничната изложеност на хормонот на стрес, кортизол, лошо влијае на овулацијата“, вели докторката Монтенегро.

6. Вежбајте

Умереното вежбање и физичката активност се добри за плодноста, но експертите препорачуваат да не претерувате со вежбањето.

7. Доволно спиење

Сонот е важен за општото здравје и има потенцијал да ве направи поплодна. Доколку имате редовен распоред на спиење и се будите одморни и свежи, тоа е добар знак.

Кога сонот е попречен тоа му смета и  на хормоналниот баланс и има негативни последици на плодноста.

8. Избегнувајте премногу кофеин

Премногу кофеин не е добро за плодноста. Тоа што треба да знаете е дека кофеин нема само во кафето туку  и во газираните напитоци, чајот и чоколадото.

Треба да бидете свесни дека плодноста е комплексна работа и не е секогаш лесно да се предвиди што има позитивни, а што негативни ефекти. Доколку имате проблеми со забременување можеби е потребно разговор со експерт од таа област за да ги утврдите причините за тоа.

Животниот стил и навиките имаат голема улога, но не се единствената работа на која треба да се внимава.

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Марула - ја сметаме за најобична салата, а лечи болести и помага при слабеење

Read more

Здравје

Пет причини зошто треба почесто да јадете тиквички

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Која храна ги подобрува концентрацијата и расположението?

Read more

Најдобрите здравствени придобивки од пиењето кафе без кофеин

Read more
 

Магазин

Пет причини зошто треба почесто да јадете тиквички

Читај повеќе

5 причини зошто треба да го ограничите времето што децата го поминуваат пред екрани

Читај повеќе

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

Читај повеќе

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Читај повеќе

Во кое време од денот е најдобро да имате секс, според возраста?

Читај повеќе

Колку често треба да се перат пижамите?

Читај повеќе
  • filter

Марула - ја сметаме за најобична салата, а лечи болести и помага при слабеење

Читај повеќе

Италијански готвач открива: Кога се посолува водата за варење тестенини?

Читај повеќе

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Читај повеќе