Совети како да го заштитите бебето од високите температури

Патувањето, одењето на плажа или на игралиште ги загрижува мајките со мали деца бидејќи секогаш се прашуваат дали на бебињата им е претопло за да бидат надвор. Американската академија на педијатари има неколку совети како да го заштитите детето додека престојува надвор.

Сите деца можат да си играат надвор додека времето не претставува значаен ризик по здравјето, а во овој случај станува збор за температура пониска од 32 степени. Доколку температурата е повисока, бебињата и малите деца не треба да бидат надвор подолго време.

Се советува избегнување престој надвор од 10 до 16 часот, кога сонцето е најсилно. Ова  е важно за бебињата кои имаат помала можност за потење. Доколку сте надвор бидете во сенка и разладувајте го бебето, избегнувајте излегување на температури повисоки од 32 степена.

Бебето постепено навикнувајте го на сонце и топлина. Почнете по неколку минути па зголемувајте го времето што го минувате надвор со паузи на секои 15 минути или половина час. Доколку и понатаму не сте сигурни дали на детето му е претопло, водете се според вас, ако вие се потите и се чувствувате непријатно, голема е веројатноста и бебето да се чувствува така.

Ако користите седиште во автомобил или количка обезбедете дополнителна заштита од сонце на чувствителната кожа. Избегнувајте ставање пелена преку количката бидејќи тоа ја зголемува температурата.

Не го облекувајте бебето во слоеви, важно е да носи лесна, проѕирна и облека со светли бои. Бебешкото боди е идеално ако детето не е изложено на директна светлина, лицето и вратот заштитете ги, а на главата ставете капче.

Ако не можете да го избегнете сонцето директно, на децата помлади од 6 месеци облечете им лесни долги панталони и маичка со светли бои. Децата постари од 6 месеци може да ги облечете со кратки панталони и маичка со кратки ракави, но водете сметка облеката да биде од чист памук.

Трудете се облеката да не биде проѕирна за да го спречите пробивањето на УВ зраците. Кога станува збор за крема за сончање, користете ги оние со фактор од 30 до 50 и не заборавајте да ги намачкате носот, образите и ушите. Користете производи без хемикалии кои содржат цинков оксид и титанов диоксид, овие минерални состојки остануваат на површината на кожата наместо кожата да ги впие. Кремата нанесете ја 30 минути пред да излезете надвор.

Како да препознаете дали на бебето не му годат високите температури?

Прво што ќе забележите е дека бебето е врело на допир, (потопло од вообичаено), ако е екстремно жедно, се однесува изнемоштено или уморно и покажува недостаток на енергија. Битно е да се нагласи дека ова се однесува на ситуации кои не се вообичаени како кога бебето е поспано или слично. Ако мислите дека бебето е „прегреано“ веднаш тргнете го од сонце и однесете го во постудена просторија. Со сунѓер за капење кој ќе го натопите во студена вода минете преку телото и дајте му малку вода или млеко, ако е помало бебе. Ако симптомите се влошат однесете го детето на педијатар.

Внесот на течности зголемете го ако бебето мокри помалку од шест пати дневно, има сува уста, нема солзи кога плаче и нема енергија. Ако овие симптоми се влошат, однесете го на лекар.

Многу е важно никогаш да не го оставате само во автомобили, па макар и за неколку минути со вклучена клима. Температурата кај децата се зголемува пет пати побрзо отколку кај возрасните.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Read more

Здравје

Рани симптоми на дијабетес кои не смееме да ги игнорираме

Read more

Дали сончањето за време на бременоста може да биде опасно за бебето?

Read more

Како реагира мозокот на еден час поминат во природа?

Read more

Што се случува во телото ако го одложувате мокрењето?

Read more
 

Магазин

Рецепт на денот: Ароматично пилешко со зеленчук и рузмарин

Читај повеќе

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Читај повеќе
  • play_arrow

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Читај повеќе

Три причини зошто вежбањето со тегови е клучно за слабеење

Читај повеќе

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Читај повеќе

Натпреварувачка во „Милионер“ запна на прашање за Адам и Ева

Читај повеќе

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Читај повеќе

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Читај повеќе

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Читај повеќе