Совети за детоксикација по празниците

Сета таа храна и пијалаци што ги внесуваме за празниците се тешки за стомакот. Затоа откако ќе завршат празниците не е лошо да обрнеме малку внимание и да му помогнеме на телото побрзо да се освежи и прочисти.

Нутриционистката Стефани Мастерман има неколку едноставни совети за прочистување на организмот по празниците.

1. Немојте да се изгладнувате

Мастерман вели дека оние кои сакаат да намалат килограми или да внимаваат на здравјето да заборават на изгладнувањето. Таа советува консумација на разновидна храна за да се внесат сите хранливи состојки.

„Храната што ја јадеме обезбедува состојки потребни за детоксикација, а изгладнувањето ги спречува органите важни за детоксикација нормално да функционираат. Црниот дроб, белите дробови, бубрезите, цревата, кожата сите тие органи заедно работат за да се ослободат од токсини, но за секој орган се потребни хранливи материи за да функционира како што треба“, објаснува таа.

2. Не очекувајте чуда

„Производите за детоксикација често ветуваат драматичен губиток на килограми, дека ќе изгледате 10 години помали и слично. Ако верувате во тоа, брзо ќе останете без пари. Една од најчестите новогодишни одлуки е губење на килограми. За брзо слабеење луѓето најчесто одат на таканаречени течни диети, нискокалорични пијалаци и слично“, вели таа.

Со придржувањето на ваков режим на исхрана можеби ќе намалите килограми, но ќе изгубите доста течности од организмот, гликоген, па дури и мускули. Здравата исхрана, физичката активност и избегнувањето работи кои не се добри за здравјето се најдобриот начин да се чувствувате добро и така да изгледате.

3. Што треба да јадете?

Човечкото тело може самото да ги исфрли токсините, а храната богата со витамини, минерали, здрави масти и антиоксиданси помага во тоа.

Таа советува да јадете повеќе цитрусно овошје, да пиете зелен чај, да јадете цвекло, ореви и семиња, како и зрнесто овошје (боровинки, малини, капинки, аронија, рибизли).

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Read more

Здравје

Рани симптоми на дијабетес кои не смееме да ги игнорираме

Read more

Дали сончањето за време на бременоста може да биде опасно за бебето?

Read more

Како реагира мозокот на еден час поминат во природа?

Read more

Што се случува во телото ако го одложувате мокрењето?

Read more
 

Магазин

Рецепт на денот: Ароматично пилешко со зеленчук и рузмарин

Читај повеќе

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Читај повеќе
  • play_arrow

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Читај повеќе

Три причини зошто вежбањето со тегови е клучно за слабеење

Читај повеќе

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Читај повеќе

Натпреварувачка во „Милионер“ запна на прашање за Адам и Ева

Читај повеќе

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Читај повеќе

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Читај повеќе

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Читај повеќе