Совети за долга врска: Ако не ве запознае со родителите по една година - бегајте

Нема сигурна формула за одржување на врската долгорочно, но има одредени реакции и начин на однесување кои сигурно нема да ве однесат во правилна насока.

Терапевтката и авторка на книгата „If He Doesn’t Come a Callin’: Practical Tips on Dating” Шарлин Саб советува кои постапки кај жените се одбивни за мажите, а кои ќе ве зближат повеќе. Таа исто така укажува и кое однесување кај мажите е „алармантно“ дека тој не е подготвен за сериозна врска.

Флертот со други мажи му покажува на партнерот дека не сте подготвени за сериозна врска, предупредува Саб.

„Тоа покажува непочитување кон него, без разлика дали сте на исто ниво на посветеност на врската. На мажите им е одбивно кога ќе ве видат како премногу се смеете или отворено разговарате со други мажи. Флертот со други мажи пред негови очи ќе му пренесе порака дека не може да ви верува кога не сте заедно. Не заборавајте дека и флертувањето може да биде причина за раскинување. Ако сакате да си ја сочувате врската, не се доведувајте постојано во ситуации во кои треба да го објаснувате своето однесување“, советува таа.

Би било добро да одбегнувате да земате пари од вашиот партнер, дури и ако тој самиот се понуди, бидејќи може да оставите впечаток на „спонзоруша“, додава таа.

„Треба да тежнеете кон тоа да бидете самостојна, а тоа подразбира и финансиска самостојност. Плаќајте си ги сметките на време, водете сметка за своите финансии, планирајте од напред. Мажите не сакаат кога жените ги гледаат како паричник на две нозе. Има мажи кои сакаат да ви бидат спасители кои ќе ве извлечат од вашите (финансиски) проблеми, но тоа не е здрава основа за врска, тврди авторката.

Од друга страна, она што позитивно ќе влијае на врската е вашиот труд во спалната соба и тука не се мисли само на вашите сексуални вештини.

Ставете ги „невиноста и наивноста“ на страна и оставете ги манирите на прагот на спалната соба. Купете секси долна облека. Фрлете сѐ што е старо, има оштетувања или дамки. Мажите се визуелни суштества, па ако гледаат дека не сте посветиле внимание на себе може да ја изгубат желбата за секс. Разубавете ги и креветот и атмосферата во собата. Тргнете од себе – сигурно сакате да водите љубов на чисти, миризливи чаршави, во романтично осветлена соба, нели?

Покрај советите за тоа како да му покажете на партнерот дека ви значи, Саб советува и кое однесување кај него да го препознаете како аларм дека врската не оди во оној правец како што вие посакувате.

„Ако сте во врска подолго од една година, а партнерот уште ве нема запознаено со родителите – бегајте. Нека не ве залажува помислата дека сте запознале некои од неговите роднини и пријатели. Ако неговите родители живеат во близина, не постои доволно добра причина зошто уште ги немате запознаено. Со тоа ви праќа порака дека не ве гледа како долгорочна партнерка во животот. Предложете му да се запознаете со неговите родители и ако ви даде лош изговор, излезете од таа врска што не води никаде“, советува Саб.

реклама

Љубов и секс

3 најлоши постапки што можете да ги направите ако дознаете дека партнерот ве изневерил

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Read more

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Read more
 

Магазин

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Читај повеќе

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Читај повеќе

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Читај повеќе

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Читај повеќе

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Читај повеќе

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Читај повеќе

Личен тренер откри колку протеини дневно треба да внесуваме за успешно слабеење

Читај повеќе

Лекарка предупредува на 4 симптоми на смртоносен рак што не смее да се игнорираат

Читај повеќе

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Читај повеќе