Рецепти

Совети за подготвување пилешко месо за сите почетници во кујната

13. февруари 2019 - 14:10 | А.С.

Ако сега почнувате да ги откривате тајните на кулинарството, треба најпрво да ги научите основите на готвењето.

Пилешкото месо е една од најчесто користените намирници во секоја кујна, бидејќи е здраво, евтино и лесно за подготвување.

Во 100 грама бело пилешко месо без коски има: 165 калории, 31 грам протеини, 4 грама масти (од кои 1 незаситени), 74 мг натриум.

Ако сакате крцкаво пилешко со кожичката, тогаш нутритивната табела малку се менува: 197 калории и 8 грама масти (од кои 2 заситени).

Само 100 грама пилешко месо дневно ги задоволува дневните потреби за железо, а ќе внесете и значителна количина витамин Б и цинк.

За да научите како најдобро да го искористите и да го зготвите пилешкото месо, прво совладајте како да расчлените пиле, по совет на познатиот готвач Џејми Оливер:

Потоа, следен чекор е како да го подготвите месото, а секој добар готвач ќе ви каже дека месото е најсочно и највкусно ако отстоило во маринада. Тимот на Tasty ќе ве води низ основите на маринирање пилешко месо:

Останатото е лесно: пилешкото е едно од најчесто користените меса во речиси сите кујни низ светот, а може да го припремите на многу начини – да го варите, печете, готвите на пареа, пржите, похувате...

Рецепти има колку што има различни вкусови и богата имагинација, па и секој рецепт може да го измените да одговара на вашиот вкус.

Коментирај