Совети за слабеење што ќе ве спасат од одење во теретана

А.С.
/ 20.07.2022 / 21:04

За да се намали телесната тежина, потребно е вежбање покра здравата исхрана, но не сите луѓе се чувствуваат пријатно во теретана.

За среќа, теретаната не е единствената опција ако сакате да изгубите тежина. Постојат неколку трикови и совети што треба да ги следите и килограмите ќе се намалат и без теретана и опрема.

Направете го вежбањето забавно

Не ви звучи забавно да поминете еден час на лента за трчање, но не секој тренинг е досаден. Постојат многу активности за подобрување на вашата кондиција и слабеење што истовремено се и забавни. Доколку сакате да го намалите струкот, можете да пробате вежби со хулахоп. Ако не сакате да вежбате во затворено, секогаш можете да излезете и да трчате или да возите велосипед. Ако, пак, сакате нешто сосема ново, пробајте скокање на трамполина. Важно е тренингот да не е обврска, туку забава.

Придружете се на група за вежбање

Ако веќе не сакате да трошите пари на членство во теретана што не го користите, можеби ќе сакате да се зачлените во аматерски спортски клуб или група. Пробајте одбојка, фудбал, кошарка… Ако не сте за тимски спортови, можете да се зачлените во клуб за трчање или за искачување по карпи.

Движете се секогаш кога ќе ви се укаже прилика

Обидете се да го промените вашиот животен стил и да се движите секогаш кога ќе ви се укаже прилика. Паркирајте малку подалеку и одете пеш до работа, користете скали наместо лифт, извршете ги домашните работи во определено време и ако работите во канцеларија одете до колега ако имате што да му кажете наместо да му испратите порака. Сите овие мали промени можат да ви помогнат да слабеете.

Разновидност

Ако постојано започнувате да вежбате и се откажувате по некое време, ви недостасува разновидност. Постојаното изведување на истите вежби може да го запре напредокот по некое време, исто како што постојаното јадење иста здрава храна може да стане досадно. Променете ја вашата рутина малку, променете ги оброците и менувајте ги вежбите на секои неколку недели.

Јога

Ако барате вежба што ќе ви помогне да изгубите тежина и да го затегнете вашето тело, јогата може да биде идеална опција. Ако сте почетник, треба да одите на неколку часови по јога за да бидете сигурни дека добро ги изведувате сите пози, а потоа можете да вежбате јога дома. Најдобри резултати ќе добиете ако вежбате јога 4 пати неделно.

Скокање со јаже

Скокањето со јаже е омилена активност на боксерите, и тие спаѓаат во спортистите со најдобра кондиција. Едноставна вежба што ги придвижува скоро сите мускули во телото. Покрај тоа, постојат еден куп варијации што можете да ги направите, и можете да скокате во ритам. За да бидете сигурни дека јажето е доволно долго, фатете ги краевите, застанете на средина од јажето и истегнете ги рацете онолку колку што дозволува јажето. Треба да бидат на ниво на градите.

Јадете помалку, но почесто

Треба да ги промените навиките во исхраната. Јадењето помали оброци, но неколку пати на ден може да го забрза метаболизмот и да ве одржи сити подолго. Почестите оброци го поттикнуваат телото да согорува маснотии отколку мускулно ткиво и го одржува нивото на енергија стабилно во текот на денот.

Почестете се

Многу режими на исхрана се многу строги во текот на неделата, па не е ни чудо што луѓето ги кршат за време на викендите. Попаметно е да се јаде разумно цела недела отколку да се јаде исклучително здраво пет дена, а потоа да се јаде нездраво за време на викендот. Најдобро е да си дозволите еден ден во неделата кога ќе си се почестите со неколку коцки од чоколадо или чаша вино. Ова ќе спречи прејадување.

Наспијте се

Ако сакате да изгубите тежина без теретана, тајната е во вашиот сон. Имено, треба да спиете 7 до 8 часа секоја вечер бидејќи тоа му помага на метаболизмот и го води телото до природно слабеење. Едно истражување покажа дека луѓето кои не спијат доволно често се гладни затоа што на телото му треба енергија за да остане будно. Недостатокот на сон исто така може да го наруши хормоналниот баланс, што може да направи да чувствувате глад дури и кога не сте гладни.

Тагови
реклама

Гледач откри нова грешка во клучната сцена на Titanic

Read more

Израел подготвува план за заминување на Палестинците од Газа: Нека ги примат Шпанија, Ирска, Норвешка, Канада

Read more

Ништо нема да оди како што треба: Знаци на кои не им се пишува добро во февруари

Read more

Како треба да се чува кромидот за да остане свеж?

Read more

Фит

Начини како да ја зголемите енергијата пред тренинг

Read more

Дали 10.000 чекори дневно се доволни за слабеење?

Read more

10 предности на вежбање дома наместо во тератана

Read more

Седум бенефити од кардио фитнес за вашето тело и здравје

Read more
 

Магазин

Начини како да ја зголемите енергијата пред тренинг

Читај повеќе

Можат да предизвикаат алергиски реакции: Како да се ослободите од прашинските грини во спалната соба?

Читај повеќе

Дали треба да пиете вода што стоела преку ноќ?

Читај повеќе
  • play_arrow

Најдобрата реклама на Марадона

Читај повеќе
  • play_arrow

Бинго торта од 3 вида бисквити со сок од портокал

Читај повеќе

Кои земји во Европа ги посетуваат најмалку туристи: Топ 10 листа

Читај повеќе

Зошто на жените им треба повеќе сон од мажите?

Читај повеќе

Во споредба со белиот: Прави ли кафеавиот шеќер разлика во вкусот на кафето?

Читај повеќе

Намирници што имаат штетен ефект врз менопаузата

Читај повеќе