Совети за возачи: Како да ги намалите трошоците за гориво?

Бидејќи цените на горивата постојано растат и не се гледа крајот на трошоците, единствено на што можете да влијаете до одреден степен е колку гориво ќе потроши вашиот автомобил.

Поради трендот на зголемување на цените на горивата, некои се одлучија да се префрлат на велосипеди, но повеќето од нас, од разни причини, едноставно не можат без автомобили.

За оние на кои им е потребен автомобил, еве неколку корисни совети како да ја намалите потрошувачката на гориво.

1. Одржувајте темпо

Кога возите, обидете се што е можно повеќе да одржувате постојано темпо на возење, секако онолку колку што дозволуваат условите на патот.

Не забрзувајте или сопирајте непотребно бидејќи тоа го принудува моторот повеќе и троши повеќе гориво.

2. Редовно одржувајте го возилото

Возило со редовно менувано масло, филтер за масло, филтер за воздух, свеќички и слично ќе троши помалку гориво.

Исто така, проверете дали акумулаторот работи правилно и на соодветен напон.

3. Напумпајте ги гумите до пропишаниот притисок

Гумите во голема мера влијаат на потрошувачката на гориво, па затоа се препорачува редовно следење на притисокот во гумите бидејќи помалку напумпана гума ја зголемува потрошувачката на гориво.

4. Намалете го товарот

Извадете ги од возилото сите работи што не ви се потребни за да го намалите товарот и потрошувачката на гориво.

Можеби ви се чини дека некои ситници не можат сериозно да влијаат на товарот, но многу такви работи во целина можат.

5. Возете на пониски вртежи

Како што советуваат експертите од автомобилската индустрија, се препорачува да се вози со помали вртежи и да се премине на поголема „брзина“ рано.

Сепак, не е добро да се менува „брзината“ прерано, бидејќи тоа ја зголемува и потрошувачката. Важно е да се знае со која брзина моторот постигнува максимален вртежен момент затоа што тогаш максималното искористување на моторот.

Се разбира, оваа информација варира од автомобил до автомобил.

6. Чувајте ги прозорците затворени (секогаш кога е можно)

Кога прозорците на автомобилот се отворени, аеродинамиката на возилото се намалува поради поголема отпорност на воздухот, па моторот троши повеќе гориво. (Во време на пандемија, кога се возите со други лица, сепак проветрувајте го автомобилот)

7. Исклучете го моторот

Ако знаете дека ќе застанете и ќе чекате некаде подолго, исклучете го моторот - ако го оставите да работи и поминете, да речеме, 5-10 минути во чекање, непотребно трошите гориво.

8. Исклучете ја климатизацијата (кога не ви треба)

Климатизација, грејачите на стакло и други уреди ја зголемуваат потрошувачката. Исклучете ги ако не се навистина потребни.

9. Избегнувајте кратки растојанија

На кратки растојанија, моторот не успева да се загрее како што треба, затоа троши повеќе гориво.

Обидете се да избегнувате кратки делници до неколку километри - ако не е потребно да користите автомобил, прошетајте или возете велосипед.

10. Најдете „жртва“ на автопат

На автопат, обидете се да возите зад автомобил што се движи со темпо што ви одговара бидејќи возилото пред вас ја намалува отпорноста на воздухот на вашиот автомобил, така што ќе троши помалку.

Најдобро е да се „закачите“ на поголемо возило, камион или комбе, бидејќи поголемите возила создаваат поголем „завет“. Не заборавајте да го одржувате потребното растојание.

Среќен пат!

реклама

Водич за мажи: Како да зборувате „безобразно“ за време на секс ?

Read more

Тајра Бенкс 48. роденден го прослави со фотографија во костим за капење

Read more

Првата студија покажа: Омикрон успешно го избегнува имунитетот стекнат по природен пат

Read more

Ѓоковиќ со порака за здравје ги поддржа големите протести во Белград

Read more

Авто новости

Што е подобро во зима - 4x4 погон со all season гуми или погон на предните тркала со зимски гуми?

Read more

Toyota го претстави новиот Corolla Cross

Read more

Hyundai ја освои Top Gear наградата за автомобил и произведувач на годината

Read more

Maybach го претстави новото, необично купе-теренец

Read more
 

Автомобили

  • play_arrow

Што е подобро во зима - 4x4 погон со all season гуми или погон на предните тркала со зимски гуми?

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Toyota го претстави новиот Corolla Cross

Читај повеќе
  • filter

Hyundai ја освои Top Gear наградата за автомобил и произведувач на годината

Читај повеќе

Maybach го претстави новото, необично купе-теренец

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Tesla го претстави електричниот Cyberquad за деца

Читај повеќе
  • filter

BMW објави фотографии од тестирањето на електричниот i7

Читај повеќе

Што да направите ако сте наточиле погрешно гориво во резервоарот?

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Edison „краде“ од Tesla: Дали Кинезите го копираа Cybertruck?

Читај повеќе
  • filter

Opel го претстави и караванското издание на новата Astra

Читај повеќе