Совети за возачи: Кога е време за нов акумулатор?

Најчесто нов акумулатор треба да купите по третото или четвртото палење со кабли, односно кога станува очигледно дека ни полнењето на полначот повеќе не помага.

Некои од типичните симптоми (но не и најсигурните) што укажуваат на крај на акумулаторот се:

- отежнато верглање

- треперење на инструмент-таблата при стартување на возилото

- рестартирање на радиото

Се разбира, постојат и други симптоми поради кои може да се посомневате дека нешто не е во ред, од однесувањето на осветлувањето на кабината при стартување, преку проблеми во работењето на разната опрема што користи електрична енергија (на пр. прозорците, особено кога моторот е исклучен), до потешко стартување  откако автомобилот ќе застане, дури и кога не се ниски температурите. Имајте ја предвид и староста на акумулаторот

Самостојна проверка

Бидејќи превенцијата може да заштеди многу пари, време и нерви, прашавме колку често треба да го проверувате акумулаторот - дали возачот може тоа да го направи сам? На пример, измерете го напонот со унимер - колку е сигурна ваквиот проверка и што кажува напонот?

Во зависност од тоа колку често го возите автомобилот, треба да се проверува на секои 3, 6 или 9 месеци и по истекот на гаранцијата. Мерењето на напонот со унимер не е 100% сигурен метод, но во некои случаи може да ни покаже дека:

- под 10,5V: акумулаторот е неисправен или длабоко испразнет (проверете го возилото)

- од 12V до 12,4V: празен акумулатор (дополнете го акумулаторот)

- од 12,6V до 12,8V: добар акумулатор

- над 13V - сув и неисправен (проверете го возилото).

Детална проверка на акумулаторот на сервис

Брзиот тест е бесплатен во многу сервиси и вклучува:

- проверка дали има прекин на струја во возилото

- проверка на алтернаторот,

- повлекување на анлансерот

- проверете ја состојбата на акумулаторот.

Во однос на точноста на верификацијата, брзиот тест нуди 50% сигурност, а големиот сервис на акумулаторот 100%. Распрашајте се за деталите во сервисот.

Се разбира, цените, процедурата и другите услуги може да варираат од еден сервис до друг.

Полнење со свој полнач

Постојат различни полначи за акумулатори, па затоа на просечнит возач не му е лесно да направи избор. Секако, некои ќе речат дека најобичниот, најевтин и најпримитивен полнач може да ја заврши работата доста добро, додека други предупредуваат дека неправилното ракување може да го уништи акумулаторот, а може и да биде опасно.

Вистина, денес имаме прилично евтини „интелигентни“ полначи кои исто така имаат заштита од преполнување, со микропроцесор кој го контролира полнењето во зависност од состојбата на акумулаторот/колку е полн, но ве советуваме да бидете внимателни и добро да се информирате пред да купите.

Дали треба повремено да го полните акумулаторот, иако не покажува проблеми при работењето?

Во зависност од начинот на возење (подолги или пократки растојанија, колку често го користите возилото, повеќе различни возачи), акумулаторот треба да се полни повремено, на секои 3, 6 или 9 месеци. После секое празнење, задолжително полнетето акумулаторот. Исто така, ако го оставите акумулаторот да стои подолго време, мора да го наполните, па да го оставите.

реклама

Беше еден од најплатените актери во Холивуд, банкротира купувајќи глупости

Read more

Британците панично купуваат гориво, бензинските пумпи останаа без залихи

Read more

Волкановски го предизвика Мекгрегор

Read more

Били Ајлиш: Изгубив 100.000 следбеници поради моите големи гради

Read more

Авто новости

Колку чини одржувањето на Bugatti Chiron од 2,5 милиони долари?

Read more

Цените на половните автомобили во Германија рушат рекорди

Read more

Колкави се трошоците за поправка на електричен автомобил?

Read more

Volvo има ново лого

Read more
 

Автомобили

Колку чини одржувањето на Bugatti Chiron од 2,5 милиони долари?

Читај повеќе

Цените на половните автомобили во Германија рушат рекорди

Читај повеќе

Колкави се трошоците за поправка на електричен автомобил?

Читај повеќе

Volvo има ново лого

Читај повеќе

Дали можете да ја утврдите точната километража на половно возило?

Читај повеќе

Новото ремек дело на Ferrari пристигнува во ноември

Читај повеќе

Како да откриете дали автомобилот што сакате да го купите бил поплавен?

Читај повеќе

Дали адитивите за гориво навистина помагаат?

Читај повеќе
  • filter

За колку ќе се продаде Yugo Cabrio од 1990 година со поминати 595 километри?

Читај повеќе