Здравје

Совладајте ги топлините: Храна која ќе ви помогне да се разладите

8. август 2018 - 20:06 | К.З.

Ако мислите дека е сеедно каква храна јадете во летните месеци кога преовладуваат високи температури, тогаш се лажете. Постои одредена храна која може да го разлади вашето тело а вие воопшто не сте свесни за тоа.

Нутриционистот Даниел О’Шонеси има неколку предлози за храна која треба да ја јадете за време на топлотниот бран кој ја зафати Европа.

Тој вели дека лубеницата, куркумата и намалениот внес на јаглехидрати и протеини можат да ви помогнат да ги победите жештините. Иако претежно се препорачува во зима, не би било лошо да јадете една чинија супа навечер, кога температурата паѓа а вашето тело со помош на супата ќе остане поладно.

„Супата ќе предизвика потење, но како што потта испарува, енергијата се апсорбира во воздухот и телото се лади“, вели О’Шонеси.

Тој вели дека чили пиперчињата се одлични за разладување, бидејќи тие исто така ќе ве натераат да се потите, што пак ќе предизвика намалување на температурата на телото. Куркумата е зачин кој не смеете да го избегнувате во лето поради тоа што таа ја подобрува циркулацијата и помага крвта побрзо да тече низ вените, што предизвикува ладење на телото.

Ова се 10 трикови со храна кои ќе ви помогнат да се разладите:

  • Јадете спанаќ
  • Навечер јадете чинија супа
  • Зачинувајте ја храната со чили
  • Јадете лубеница
  • Намалете го внесот на јаглехидрати
  • Јадете помалку месо
  • Почесто внесувајте лук
  • Консумирајте јадења и пијалоци кои содржат мента
  • Бирајте оброци направени со кокосово млеко

Коментирај