„Современост“ ја објави стихозбирката „Тајнописец“ на Верица Мукоска

 Стихозбирката „Тајнописец“ на младата писателка Верица Мукоска, е објавена деновиве во издание на „Современост“ – Скопје.

Од рецензијата на стихозбирката напишана од македонскиот писател, историчар на литературата и книжевен критичар – Васил Тоциновски се истакнува дека „уводните стихови извонредно децидно ја наметнуваат атмосферата како стожер во автохтоноста на поетиката на Мукоска во која се бараат и пронаоѓаат одговори на тајните, дилемите и недоумиците во посакуваната ноќ која пламти во несоница.

-Нештата како да се случиле пред сонот/сонувањето, та разбирливо на сите страни владее тишина. Тоа е оној миг кога одненадеж или поточно магично се обединиле времето и просторот. Се актуелизираат темите и мотивите во третиот циклус посветени песни со наслов за размисла Враќање. Поагајќи од зборот како суштина на постоењето, поетесата мудро покажува оти зборот е едно, но една и единствена мера за човекот не се зборовите, туку тој се запишува во колективната меморија со своите дела кои поседуваат трајни етички и естетски вредности. Македонскиот непокор е „Носталгично угаснување“ на Анте Поповски, а во „Антологија на стравовите“ средбата со втемелувачот на современата македонска книжевност Кочо Рацин, вели Тоциновски.

Верица Мукоска (1999) дипломирала на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје, на Катедрата за Македонска книжевност и јужнословенски книжевности од каде продолжи и втор циклус студии по Македонска книжевност. Првите стихови започнала да ги пишува уште во детските денови, а во 2009 година ја објавила првата стихозбирка за деца „Стихови од срцето на природата“. Романот „Дневникот на длабоките тајни“ е нејзино прво прозно дело, а „Равенка на стравот“ е нејзиниот најнов роман што се промовираше на минатогодишниот Саем на книга. „Тајнописец“ е нејзината најнова стихозбирка во издание на „Современост“ – Скопје. 

Уредничка е на најстарото списание за литература, култура и уметност „Современост“. Активно соработува со Катедрата за Македонска книжевност и култура каде одржува вежби по неколку предмети. 

Нејзини текстови и песни се објавувани во македонски и странски литературни списанија. 

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Култура

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Read more

Почнува Крај Вардарот Џез: Три фестивалски вечери и пет концертни настапи кои кокетираат со авангардни стилови

Read more

Под слоганот Приказна се чита денеска почнува Саемот на книга

Read more

Вечерва во МКЦ премиера на документарецот Време на бетон

Read more
 

Вести

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Читај повеќе
  • play_arrow

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Читај повеќе

Украле сеф од менувачница во Чаир и побегнале со возило без таблички

Читај повеќе

Маж ја нападнал поранешната сопруга на работното место, па ѝ се заканувал со нож

Читај повеќе

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Читај повеќе

Новинарска фотографија на годината: Не сакаше да го пушти телото на девојчето

Читај повеќе

Џонсон: Балканот може да биде следната цел на Путин

Читај повеќе

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Читај повеќе

МОН: Во училиштата во кои ќе се одвива изборниот процес наставата ќе се реализира со скратени часови

Читај повеќе