Рецепти

Совршена кајгана по рецептот на Гордон Ремзи

5. август 2017 - 14:36 | А.С.

Можеби ви се чини дека нема ништо поедноставно за готвење од пржење јајца, но славниот готвач Гордон Ремзи тврди дека за правење кајгана треба мајсторија.

Ремзи има неколку совети како да направите совршена кајгана. Неговиот трик е повремено да го тргате тавчето од оган.

Ова се неговите упатства:

Скршете ги јајцата во длабок сад и додадете малку путер

Ставете го тавчето убаво да се загрее на оган

Мешајте додека се пржи кајганата

Тргнете го тавчето од оган по 30 секунди, но продолжете да мешате

Вратете го тавчето по пауза од 10 секунди

Повторувајте ја постапката наизменично околу 3 минути додека не се испржи кајганата.

Коментирај