Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Да се надеваме дека студените бранови оваа пролет конечно се на крајот, а тоа значи дека нé очекува уште една „генералка“ на домот, со која ќе му посакаме добредојде на топлото време, и како тоа обично кај нас бива, веднаш на летото.

Како бргу и квалитетно да го исчистам домот, е прашање кое секој пат си го поставуваме, кога забележуваме дека е дојден редот за тоа. Но, тоа повеќе не домашна активност која ја пролонгираме, бидејќи постојат низа  уреди со феноменални карактеристики кои беспрекорно си ја завршуваат работата, а чистењето го прават лесно „како песна“. Ако на ова го додадеме и фактот дека добрата организација е клучот за успехот, тогаш навистина навистина нема за што да се грижиме туку да направите план кој ќе ви го олесни чистењето. За да се организирате добро, направете план кој најмногу ви одговара за тоа кога и во кое време, кои активности ќе ги завршите. Ова значи дека воопшто не е потребно целата енергија да ја трошите на чистење на се во еден ден. ако добро ги распределите обврските за чистење во два или три денови ако живеете во поголем од трособен стан, значително ќе си ја олесните оваа активност, додека истовремено ќе имате време и за други работи кои сакате да ги правите во денот.

Подгответе го „теренот“ за работа

Пред да започнете со „големото чистење“, многу е важна подготовката, за да можете брзо и ефикасно да ја завршите работата. Започнете со отстранување на ситниците и деталите од масите, полиците кои ќе ви пречат при бришење прашина. Исто така, кога станува збор за усисување со правосмукалка, сè што е потребно за вашата правосмукалка е слободна површина за движење. Затоа, олеснете си и отстранете ги од подовите сите предмети како саксии, украсни детали или било што друго што го краси вашиот дом.

И како последен,и еднакво важен е советот да ги замените старите уреди со оние кои можат да се пофалат со нова, модерна технологија и кои секако одговараат на модерното време и начин на живот. Иако порано сосема солидно ја „завршуваше работата“, сепак старата правосмукалка дефинитивно не може да ја извлече количината на штетни честички и прашина од теписите и подот, како што можат новите уреди. Една таква е  стик правосмукалката Samsung Bespoke Jet AI, која ќе ви стане најдобар пријател дома. Покрај тоа што ја апсорбира целата нечистотија на која наидува, овој уред задржува 99,999% ситна прашина благодарение на филтрацијата на воздухот со повеќе циклони. Samsung Bespoke Jet AI го носи најмоќниот Samsung вакум мотор до сега бидејќи има вграден Hexajet Motor 2.0 со моќност на вшмукување до 280 W и максимална моќност на моторот од 730 W. Неговата батерија од 4500 mAh има 80% поголем капацитет од претходната модел, оптимизиран да држи 70% од неговите перформанси до 500 циклуси и обезбедува 100 минути работа. Новитетот на Bespoke Jet AI е режимот на работа со вештачка интелигенција, напојуван од единицата за обработка на Samsung AI Optimum Tech, што му обезбедува на корисникот ефикасно чистење со правосмукалка и чистење на секоја просторија. Неговиот режим на работа со вештачка интелигенција овозможува анализа и одредување на типот на подот со цел да се оптимизира процесот на вшмукување, но и да се обезбеди максимална ефикасност на батеријата. Благодарение на режимот за вештачка интелигенција, правосмукалката Bespoke Jet AI сега нуди SmartThings и Smart Wi-Fi конекција што им дава на корисниците можност лесно да ги приспособат поставките и функциите на нивниот уред, а има и опција за паметна самодијагностика за одржување на врвna изведба.

Ново ниво на чистење и хигиена

Наменет кон создавање хигиенски чиста околина, новата Samsung Bespoke Jet AI доаѓа со надграден држач за чиста станица „Сè-во-едно“ (All-in-One) што користи технологија Air Pulse за автоматско празнење на резервоарот за прав. Овој држач користи и технологија Air Spin Edge која го врти Spinning Cyclone со брзина на сечилото до 1000 вртежи во минута за да го отстрани целиот отпад, вклучувајќи ги и сите преостанати честички што може да се заглават во резервоарот. Правосмукалката Bespoke Jet AI содржи и фантастични додатоци кои несомнено ќе се погрижат да ги оправдаат вашите очекувања за оваа совршена правосмукалка. Покрај главната четка Active Dual и тенка LED четка +, имате на располагање додаток  за миленици кој е наменет за секој дом во кој живее и миленик, прскачки ротирачки чистач, како и дополнителни алатки како флекс алатката, комбинирана алатка и продолжителна алатка за тесни отвори. 

Промотивна понуда за одбрани правосмукалки од Samsung

Искористете ја промотивната понуда и можноста да добиете продолжена гаранција од 3 години за вашата нова правосмукалка, која несомнено ја претставува најновата технологија на апаратите за чистење на домот со која одржувањето на хигиената ќе ви биде полесно и поубаво од билo кога до сега.

Повеќе информации за стик правосмукалката Bespoke Jet AI  прочитајте на следниов линк:

https://www.samsung.com/mk/vacuum-cleaners/stick/bespoke-jet-ai-black-vs28c9784qk-ge/

реклама

Како да направите домашно „ДУБАИ“ чоколадо?

Read more

Седум знаци дека имате недостаток на цинк

Read more

Две намирници кои ги јадеме речиси секој ден го уништуваат црниот дроб

Read more

Македонија во Топ 5 - за најлоши патишта

Read more

Живот

Експертка ја откри вистинската локација за новогодишната елка во домот

Read more

Три најопасни жени во Зодијакот

Read more

Како ефикасно да ги отстраните дамките од лак за нокти од тепих?

Read more

Решете го сомнежот: Кога е идеално да се туширате со топла, а кога со ладна вода?

Read more
 

Магазин

Како да направите домашно „ДУБАИ“ чоколадо?

Читај повеќе

Седум знаци дека имате недостаток на цинк

Читај повеќе

Кардиолог препорачува два суплемента за подобро срцево здравје

Читај повеќе

И во зима може да дехидрираме: Кои се симптомите?

Читај повеќе

5 намирници кои може да ги намалат знаците на стареење

Читај повеќе

Кои се најдобрите извори на протеини според диететичарите?

Читај повеќе

Кое време од денот е најдобро за вежбање?

Читај повеќе

Храна што може да ја јадете без страв од дебелеење

Читај повеќе

Како спиењето подоцна за викенд влијае на здравјето?

Читај повеќе