Вести

Совршеното селфи ќе ве чини „само“ 500 долари

13. октомври 2017 - 13:38 | К.З.

Понекогаш сѐ што сакате во денот е да го направите совршеното селфи. Што ако можете да имате совршено селфи секојпат кога ќе пробате, но тоа ве чини 500 долари?

Пазарот за мини-камери е одамна мртов, бидејќи сега секој поседува мобилен телефон кој може да слика, снима, и да прави панорамски фотографии, без притоа да бара посебно место во вашите џебови.

Претходниот модел на камерата изгледа како мал смартфон, со огромна леќа на горниот дел. Има метална рамка која може да се приспособува за да се прави групно селфи, а има и двоен блиц којви овозможува да имате контрола над осветлувањето, шминката и сите други фактори кои влијаат на сликата.

Од „Casio“ велат дека во Азија луѓето ја нарекуваат камерата TR-80 „Божјата камера за селфи“ и дека голем дел од младата популација штеди за да може да си ја купи.

Но сега, „Casio“ дебитира нов модел на истиот производ, наречен TR-M11, или едноставно наречен „TR Mini“. Истиот планира да го пушти во продажба во Тајланд, Кина, Хонг Конг и Сингапур, а неговата цена ќе биде нешто малку над 500 долари.

Новитетот кај овој модел е кружниот блиц кој е дел од телото на камерата, која пак е обликувана како мало огледало за шминкање.

Леќите се исти како и на претходниот модел, од 12 мегапиксели, а камерата работи на екран на допир, исто како и смартфоните.

Коментирај