Вести

Soyuz ќе патува трипати побрзо до Меѓународната вселенска станица

16. декември 2019 - 11:09 | Б.С.Б.

Руската вселенска агенција Roscosmos разви начин вселенскиот брод Soyuz да патува на Меѓународната вселенска станица трипати побрзо што ќе влијае на намалување на трошоците.

Со оваа иновација е намален бројот на орбити кои Soyuz ги прави околу Земјата, пред да стигне на Станицата. Обично се потребни два дена ракетата да се доближи до неа, односно 6 часа да се изведе брзо лансирање. Меѓутоа, и во тој случај ракетата мора неколку пати да кружи околу Земјата.

Со новото решение вселенските летови ќе траат околу 2 часа и ќе заштедат многу гориво и ресурси потребни за секоја мисија. Што е уште поважно, екипажот ќе мора да минува помалку време во внатрешноста на преполната капсула на ракетата.

Технологијата со една ротација околу Земјата ќе одигра витална улога во руската програма за истражување на Месечината, пишува Russia Today.

Исто така, ќе биде од голема улога во спасувачките операции на Меѓународната вселенска станица.

Коментирај