Вести

Soyuz конечно слета на Меѓународната вселенска станица

27. август 2019 - 12:51 | Б.С.Б.

Руското летало Soyuz MS-14 конечно слета на Меѓународната вселенска станица, носејќи хуманоиден робот на тајна мисија во вселената.

Директорот на Роскосмос, Димитриј Рогозин, изјави дека роботот ќе се врати на Земјата според планираното, на 7 септември.

„Има доволно време за извршување на планираните тестови и враќање на Земјата на 7 септември“, изјави тој.

Леталото беше лансирано во четвртокот од космодромот Бајконур во Казахстан. Првиот обид за слетување во саботата пропадна поради проблеми со системот за автоматско слетување.

Инаку, роботот Skybot F-850 е првиот хуманоиден робот кој Русија го лансираше во вселената. НАСА тоа го направи во 2011 година, кога го испрати Robonaut 2.

Коментирај