Вести

Soyuz успешно ги врати астронаутите од Меѓународната вселенска станица

25. јуни 2019 - 11:53 | Б.С.Б.

По шест месеци минати на Меѓународната вселенска станица, леталото Soyuz успешно ги врати тројцата членови на тимот Expedition 59.

Рускиот космонаут Олег Конокенко, канадскиот астронаут Дејвис Сен-Жак и астронаутката Ен Меклелј од НАСА слетаа во Казахстан три и пол часа по напуштањето на Меѓународната вселенска станица, во леталото Soyuz MS-11.

Астронаутите заедно минаа 204 дена во вселената, спроведувајќи најразлични експерименти, од детекција на радијација во орбитата до одгледување билки во услови на микрогравитација.

Членовите на тимот Expedition 60, командантот Алексеј Овчинин, инженерот Ник Хаг од НАСА и Кристина Коч ќе ја продолжат работата на Станицата.

Коментирај