Љубов и секс

Создавањето љубовна напивка не е невозможно

18. април 2017 - 15:31 | А.С.

Доктор Андерс Сандберг од Универзитетот Оксфорд  смета дека љубовните напивки кои предизвикуваат некој да се заљуби во вас би можело да станат реалност во наредните десет години.

Кога се заљубуваме во мозокот се лачи окситоцин и вазопресин, што го активира допаминскиот систем во мозокот.

„Токму допаминскиот сисрем го дава тоа чувство на поврзаност меѓу партнерите. Допаминот се ослободува во фронталната регија што води до препознавање на таа личност како некој кој ни е близок и покрај кого сакаме да останеме“, вели Сандберг.

Тој додава дека причината зошто ни недостига партнерот е лачењето на кортикотропин (CPH) што се случува кога личноста што ја сакаме не е блиску.

Тој смета дека научниците наскоро би можеле да направат љубовна напивка што ќе содржи окситоцин, вазопресин и CPH, но нагласува дека тоа нема воопшто да биде лесно.

„Сепак би бил изненаден ако за 10 години не биде направена првата љубовна напивка“, вели тој.

Доктор Сандберг признава дека создавањето на ваква напивка би можело да биде проблематично и да се користи за задни цели, како силување. Тој верува дека би можело да се користи за зајакнување на веќе оформени врски.

„Кога веќе сте заљубени во некого, емоциите може да се сменат со тек на време. Што ако би постоел начин да се оживее љубовта која почнала да бледнее?“, вели тој.

Коментирај